живот

Француската „Планина на мајмуните“ им нуди уникатно искуство на посетителите

- Во источниот дел на Франција, во регионот Алзас, се наоѓа „Монтањ де Сенж“ или „Планината на мајмуните“, популарна дестинација за љубителите на природата и животните

Aida Cako  | 09.08.2025 - Обновена : 13.08.2025
Француската „Планина на мајмуните“ им нуди уникатно искуство на посетителите

СКОПЈЕ (АА) - Во источниот дел на Франција, во регионот Алзас, се наоѓа „Монтањ де Сенж“ или „Планината на мајмуните“, популарна дестинација за љубителите на природата и животните, јавува Анадолу.

Сместен во близина на селото Кинцхајм, овој парк се простира на површина од 24 хектари и е дом на мајмуни од видот берберски макаки. За разлика од зоолошките градини, тука мајмуните се движат слободно, што им овозможува на посетителите да ги набљудуваат во нивното природно опкружување.

Покрај тоа што нуди единствено искуство за семејствата и децата, „Планината на мајмуните“ има и важна улога во зачувувањето на овој загрозен вид преку посветени конзервациски програми.

Локацијата е препознаена како една од ретките места во Европа каде што посетителите можат да остварат непосреден контакт со дивите животни во контролирана и едукативна средина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın