живот, култура и уметност

Такси-триколките „пус-пус“ – симбол на достапен превоз и начин да се доживее автентичноста на Мадагаскар

Во колонијалниот период Французите ги користеле овие превозни средства за транспорт, при што ги повикувале возачите со зборот „pousser“, што на француски значи „турни“

Aida Cako  | 26.10.2025 - Обновена : 27.10.2025
Такси-триколките „пус-пус“ – симбол на достапен превоз и начин да се доживее автентичноста на Мадагаскар Фото: Eren Bozkurt/АА

СКОПЈЕ (АА) – Такси-триколките на педали, познати како „пус-пус“, веќе со години претставуваат едно од најпопуларните и најдостапните превозни средства во африканската островска држава Мадагаскар, пишува Анадолу.

Во градот Толиара, локалното население секојдневно ги користи овие такси-велосипеди на три тркала за превоз низ градот поради нивната ниска цена и практичност.

Туристите, пак, ги избираат како начин да ги доживеат градот и културата на Мадагаскар на поавтентичен начин.

Дваесетгодишниот Рабе Манантсоа, кој веќе три години работи како возач на „пус-пус“ за да ја издржува својата фамилија, истакнува дека многумина се насочуваат кон оваа работа бидејќи немаат други можности за вработување, а заработката често е недоволна за основните потреби.

Возилата „пус-пус“ имаат долга историја на островот.

Во колонијалниот период Французите ги користеле овие превозни средства за транспорт, при што ги повикувале возачите со зборот „pousser“, што на француски значи „турни“.

Со текот на времето честото извикување „pousser, pousser“ се претворило во израз што жителите на Мадагаскар го прифатиле како име за возилото „пус-пус“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.