Турција, живот

Птиците преселници ги избираат бреговите на турскиот град Ризе како засолниште

- Паркoвите и градините во крајбрежните делови на градот претставуваат едни од последните безбедни места за овие птици, во услови на интензивна урбанизација.

Aida Cako  | 25.11.2025 - Обновена : 25.11.2025
Птиците преселници ги избираат бреговите на турскиот град Ризе како засолниште

СКОПЈЕ (АА) - Птиците преселници ги избираат бреговите на турскиот град Ризе како сигурно засолниште во сезоната на есенската миграција, јавува Анадолу.

Паркoвите и градините во крајбрежните делови на градот претставуваат едни од последните безбедни места за овие птици, во услови на интензивна урбанизација.

Овие зелени површини се од исклучително значење за нивното хранење, одмор и подготовка за понатамошниот лет.

Фоторепортерот на Анадолу забележа различни видови птици кои престојуваат во регионот, каде што шумите се наоѓаат во непосредна близина на морето.

Областа сè повеќе станува природно прибежиште што во сезоната на есенската миграција прима илјадници птици од десетици различни видови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın