живот

Познатите Шпански скали во Рим украсени со розови азалеи

- Сезонските украси на Шпанските скали го менуваат својот изглед во текот на целата година, но во пролет, кога цветаат розовите азалеи, неколку недели, оваа туристичка атракција на Рим е вистински магнет за туристите

Alma Dekovic  | 16.05.2023 - Обновена : 18.05.2023
Познатите Шпански скали во Рим украсени со розови азалеи Фото: Пабло Еспарза

РИМ (АА) - Едно од најпопуларните туристички места во Рим, кое секојдневно привлекува илјадници туристи, се Шпанските скали кои добиваат посебен изглед во пролет кога цветаат розовите азалеи, јавува Анадолу.

Сезонските украси на Шпанските скали го менуваат својот изглед во текот на целата година, но во пролет, кога цветаат розовите азалеи, неколку недели, оваа туристичка атракција на Рим е вистински магнет за туристите.

Шпанските скали се монументално здание во Рим и ги поврзуваат Шпанскиот плоштад (Piazza di Spagna) и Плоштадот „Тринита деи Монти“ со истоимената црква на врвот.

Шпанските скали се состојат од 135 скалила поделени во 12 зони. Изградени се во 1723 година со средства на францускиот дипломат Етјен Гефиер. Името го добиле по шпанската Амбасада која некогаш била сместена на плоштадот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.