Турција, живот

Осман Енес, роден за време на земјотресот во Измит 1999 година, загина во земјотресот во јужна Туркије

„Тој е роден за време на тој земјотрес, а загина во овој земјотрес. Срцето ми гори“, раскажа мајката на Осман

Mehmet Akif Parlak  | 18.02.2023 - Обновена : 20.02.2023
Осман Енес, роден за време на земјотресот во Измит 1999 година, загина во земјотресот во јужна Туркије

ГАЗИАНТЕП (АА) - Осман Енес Баштурк, кој е роден на денот на земјотресот во 1999 година во областа Голџук во северозападниот дел на Коџаели, Туркије, загина во југоисточната област Газиантеп кога двата земјотреси го погодија регионот на 6 февруари, јавува Анадолу.

Неговата мајка Асије Баштурк рече дека ноќта се разбудила со земјотресот и го турнала сопругот до ѕидот, но додека се обидувала да стигне до нејзините деца, ѕидот паднал врз неа.

Нејзиниот најстар син, Осман Енес, и неговиот брат Емирхан спиеле во иста соба кога се случил земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтер, со центар во Кахраманмараш.

„Мојот син Осман Енес е роден во Газиантеп за време на земјотресот во Голџук што се случи во 1999 година, а загина во земјотресот во Нурдаги во 2023 година“, рече таа, мислејќи на местото во Газиантеп каде што живее семејството.

„Тој беше храбар и како планина“, рече таа.

„Реков, Осман Енес е силен, ќе го спаси брат му. Син ми го заштити својот брат, но тој не можеше да се спаси. Мојот помал син излезе од урнатините“, рече Баштурк.

„Но, тој не можеше да излезе“, рече таа, додавајќи дека Осман Енес бил во болница ноќта на земјотресот во 1999 година.

„Тој е роден за време на тој земјотрес, а загина во овој земјотрес. Срцето ми гори“, рече таа.

Емирхан, кој е повреден во земјотресот, рече дека ноќта на земјотресот спиел во иста соба со својот брат.

Раскажа дека многу бил исплашен во моментот на потресот, опишувајќи ги моментите како застрашувачки.

„Кога се случи земјотресот, се прегрнавме. Во тоа време се онесвестив неколку минути. Го слушнав звукот на уривање на зградата. Зградата целосно се сруши. Мојот брат лежеше покрај мене, без знаци на живот“, рече тој.

„Гласот на татко ми доаѓаше однадвор, додека гласот на мајка ми беше одвнатре. Ја довикав мајка ми, таа ми одговори. Ме праша како е брат ми и јас реков дека од него не доаѓа звук“, рече тој.

Семејството се вселило во зградата три дена пред земјотресот.

„Отидовме во петокот. Ја опремивме куќата во саботата и неделата, бевме преморени. Јас станав за молитва околу 3 часот по полноќ ноќта на земјотресот. Потоа се случи земјотресот“, рече нивниот татко Мехмет Баштурк.

„Зградата одеднаш се урна. Излегов како што знаев и умеев, ми беше ладно. Потоа дојдоа роднините, ги спасивме мојата сопруга и малиот син. Да не дојдоа тие, моето семејство ќе умреше“, рече тој.

Министерството за здравство соопшти дека од времето на земјотресите досега родени се 4.627 бебиња во зоната каде што се случија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.