живот

На внуците им се дозволува да поминуваат повеќе време пред екраните на различни уреди

- Бабите и дедовците им дозволуваат на внуците да трошат многу повеќе време пред екраните на различните уреди отколку нивните родители

Zehra Ulucak  | 09.07.2019 - Обновена : 09.07.2019
На внуците им се дозволува да поминуваат повеќе време пред екраните на различни уреди

АНКАРА

Бабите и дедовците им дозволуваат на внуците да трошат многу повеќе време пред екраните на различните уреди, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста во „Њуз медикал“ (News Medical), во списанието „Џурнал оф чилдрен енд медиа“ (Journal of Children and Media) објавена е онлајн анкета со вкупно 356 баби и дедовци кои најмалку еден ден во текот на неделата ги чуваат своите внуци на возраст од 2 до 7 години.

Според истражувачите, бабите и дедовците на своите внуци им дозволуваат да поминуваат време пред екраните на различни уреди повеќе отколку што дозволуваат нивните родители.

Во студијата, исто така се наведува дека децата кои околу половина од времето го поминуваат под надзор на нивните баби и дедовци, користат разни апликации на интернет, а времетраењето на користењето се зголемува со зголемувањето на возраста.

Децата, со бабите и дедовците дневно просечно поминуваат четири часа, од нив, два часа ги минуваат играјќи игри и гледајќи видеа на различни уреди, како што се таблети, мобилни телефони, компјутери и телевизија, покажуваат резултатите од анкетата.

„Машките деца пред екраните поминуваат 17 минути повеќе од женските деца“, се вели во студијата и се додава дека е поголема веројатноста дедовците на внуците да им дозволуваат повеќе време да трошат пред екранот отколку бабите.

Израелската медиумска истражувачка Дафна Лемиш, која е еден од авторите на студијата „Употребата на медиумите од израелските деца кои се под надзор на нивните баби и дедовци“, истакнува: „Бабите и дедовците играат важна улога во воспитувањето на нивните внуци. Треба да ги едуцираме за ефектите на медиумите врз животот на децата и за правилната употреба на медиумите.“

Истражувачите сугерираат дека бабите и дедовците, преку ограничувањето на користењето на интернетот треба да играат улога во едуцирањето на нивните внуци во употреба на уредите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın