свет, живот

Купола со најголема внатрешна прашума во светот привлекува посетители во Сан Франциско

– Калифорниската академија на науки во Сан Франциско привлекува голем број посетители со својата уникатна купола „Дождовна шума Ошер“, која претставува повеќеслојно живеалиште на повеќе од 1.600 видови тропски растенија и животни

Aida Cako  | 15.09.2025 - Обновена : 15.09.2025
Купола со најголема внатрешна прашума во светот привлекува посетители во Сан Франциско

САН ФРАНЦИСКО (АА) – Калифорниската академија на науки во Сан Франциско привлекува голем број посетители со својата уникатна купола „Дождовна шума Ошер“, која претставува повеќеслојно живеалиште со повеќе од 1.600 видови тропски растенија и животни, сместена во срцето на паркот „Голден гејт“, јавува Анадолу.

Посетителите имаат можност да патуваат од тропската крошна па сè до поплавената амазонска шума, каде во 100.000-галонски аквариум пливаат слатководни риби и желки.

Отворена во 2008 година, „Дождовната шума Ошер“ претставува најголема затворена прашума во светот.

Во куполата постојано се одржува температура од 27 до 29 степени Целзиусови и влажност од околу 75 проценти, за да се пресоздадат услови какви што владеат во вистинските прашуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.