Илина Арсова - Единствена Mакедонка која се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест
Во разговор за АА раскажува дека на овој несекојдневен подвиг претходеле десет години посветеност на планиските спортови. Арсова може да се пофали дека се искачила и на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва, но и на десетина други највисоки точки во светот

Skopje
ОХРИД (АА) - По потекло од Скопје, но веќе неколку години живее во Охрид, Илина Арсова е единствената Македонка која успеала да се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест кој се наоѓа на надморска височина од 8.848 метри.
Во разговор за Anadolu Agency раскажува за нејзините несекојдневни и необични искуства, за животните достигнувања, секако, со акцент на несекојдневениот подвиг, да се искачи на највисокиот врв во светот, за кој вели дека претходеле десет години посветеност на планиските спортови.
Без сомнение може да се каже дека Арсова во последните неколку години е прилично експонирана личност, не само заради искачувањето на планинските врвови туку и заради ликовната уметност и изложбите (што е и нејзина професија), поради активистичките движења посветени на екологијата и животнатата средина, како и за поттикнувањето на активен животен стил кај младите, особено кај жените.
- Турција, природно богата земја и земја која секогаш има да понуди убавина
Вели дека многупати ѝ биле поставувани слични прашања во врска со нејзините животни достигнувања, но никогаш не била прашана за нејзините почетоци.
„Имено, моите почетоци се тесно поврзани со Турција. На 18-годишна возразст заминав во Олудениз, каде што работев како хотелски сликар, но и како промотор на тандем летањето со параглајдер. Таму навистина напреднав и во летањето, но и во градењето на една самостојна личност”, истакнува таа.
Заминав дома со џепарлак од вкупно 70 евра, а после само пет месеци, се вратив со скромна заштеда за студентската година што ми претстоеше на ликовната академија. Оттогаш, открива таа, не престанала да патува, предизвик и било да оди во непознато, финансиски да се издржува со минимален буџет.
Ваквиот начин на живот, вели Арсова, ја приморал да се снаоѓа со привремени работни места, во Малезија, Кина, Швајцарија, Франција, Шведска, Африка и други. Помеѓу останатото, открива дека неколкупати се враќала во различни делови на Турција, поради природните убавини кои ги има оваа земја, храната, луѓето и сè друго што Турција ја прави поразлична од другите земји.
„Искачував карпи и планини, се качував во воз за да стигнам до езерото Ван каде што се наоѓаат прекрасните вулкани кои сакав да ги искачувам”, открива едно од нејзините авантуристички искуства.
Арсова може да се пофали дека се качила и на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва, но и на десеттина други највисоки точки во светот.
„Претходеа многу врвови за конечно да го реализирам својот животен сон и да се искачам на Монт Еверест и тоа како прва дама од Македонија. Тоа се надевам дека ќе биде поттик и за другите жени да одат напред и јас веќе влијаам врз тоа повеќе жени да се приклучат кон планинарењето. Експедицијата на Монт Еверест трае два месеци, од кои 53 дена се на висина од над 3000 метри. Тоа е веќе поинаков начин на живот кој станува се потежок“, вели Арсова.
Оваа девојка вели дека искачувањето на највисокиот светски врв било мотив повеќе за достигнувања на нови врвови во животот.Три години по големиот успех кој се случи на 22 март 2013 година, сè уште никој го нема повторено истoто.
„За Монт Еверест е потребна голема логистичка организација и физичка подготвеност. Неопходен е и голем финансиски залак кој не е лесно да се реализира во Македонија. Наоѓањето на финансии за Монт Еверест беше еден од потешките делови“, вели Арсова.
Единствената планина од која досега била принудена да се врати е Денали во Аљаска, највисок врв во Северна Америка со 6.195 метри надморска висчона. Една од нејзините главни цели за наредниот период е реализација на проектот „Седум врвови на седум контитенти”, кој досега го реализирале само 66 жени.
„Она што сакам да го реализирам и да го комплетирам е проектот „Седум врвови на седум континенти”, потенцира Арсова, првата македонка која се искачила на Монт Еверест, но кај која очиледно, качувањето на врвовите сè уште претставува голем предизвик.
„Комплетирањето на тој проект го вклучува искачувањето на сите највисоки врвови на сите седум континенти. Мене ми недостасуваат уште три врвови за да ја завршам таа цел. Во светот само 66 жени го имаат реализирано овој светски високо-планински предизвик и вкупно 250 мажи. Ми останува врвот Денали на Алјаска, Австралија и Папуа Нова Гвинеја - Карстенс и на Јужниот Пол, врвот Винсен”, рече Арсова.
Оваа македонка досега успеала да се искачи на десетина врвови повисоки од 4.000 метри, на десетина на височина од 5.000 метри, четири врвови на 6.000 метри и еден врв повисок од 8.000 метри. За Македонија вели дека располага со атрактивни планини и врвови кои се интересни за искачување. Ги посочува Шар Планина, Солунска Глава и Кораб, за кои вели дека во зимски услови знаат да бидат „сурови“.
Од планините на Балканот ја посочува планината Олимп во Грција а во Турција, вториот по височина планиски врв во оваа земја,Суфан Даг. Арсова со уште пет други жени од светот е поттик за жените во Иран, да се занимаваат со овој спорт.
„Се создаде една интернационална група од една Македонка, Французинка, Русинка, Швајцарка и Иранка, и за 8-ми март минатата година ние се најдовме во Техеран, каде што наша домаќинка беше Мона, која е професионален сноу-бордер во Иран“, вели Арсова.
„На ова патување целта ни беше да искачиме што повеќе планински врвови на скии надвор од постоечките ски центри, истражувајќи го потенцијалот за ски спортови во Иран, истовремено истражувајки ја и културата на жените и спортот во Иран. Пред само 15 години мажите и жените во Иран имале различни брда за скијање и различни ски лифтови. Сите тие млади луѓе сега ги соединува истата љубов кон планината која ги надминува општествените бариери“, додаде Арсова.
Таа вели дека нивната мисија во Иран била повеќе од успешна и оти се зголемува бројот на жени во Иран, кои го практикуваат овој спорт.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.