свет, живот

Израел намерно ги пресушува изворите на вода на Западниот Брег за иселување на Палестинците

Изворот Ал-Ауџа, еден од најважните природни ресурси на окупираниот Западен Брег, речиси целосно е исушен од страна на израелските сили

Elena Trenchevska Chekovic  | 08.05.2025 - Обновена : 08.05.2025
Израел намерно ги пресушува изворите на вода на Западниот Брег за иселување на Палестинците Фото: Issam Rimawi/АА

СКОПЈЕ (АА) – Израелските власти намерно ги пресушуваат изворите на вода на Западниот Брег со цел иселување на Палестинците, јавува Анадолу.

Изворот Ал-Ауџа, еден од најважните природни ресурси на окупираниот Западен Брег, речиси целосно е исушен од страна на израелските сили.

Палестинските власти наведуваат дека изворот Ауџа целосно пресушил „првпат“ по децении како резултат на намерните практики на израелските власти.

Пресушувањето на изворот Ауџа, кој се наоѓа во месноста Ал-Ауџа во градот Ерихон, во источниот дел на Јорданската Долина и се смета за крвоток на земјоделството, сточарството и домашниот туризам поради изобилството на вода во летните месеци, го запре животот во градот.

Локалните Палестинци велат дека водата од изворот се пренасочува кон бунари ископани од Израелци кои ја зазеле палестинската земја и дека водата се користи за наводнување и напојување на израелските земјоделски и сточарски центри.

Како што се истакнува, овие центри се основани неодамна под заштита и поттикнување од израелските власти.

Од 7 октомври 2023 година, кога Израел ја започна бруталната воена офанзива врз Појасот Газа, има зголемување на притворите, рациите и нападите врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Според официјални палестински податоци, од 7 октомври на Западниот Брег се убиени повеќе од 960 Палестинци, речиси 7.000 се повредени, а над 16.000 се приведени.

Израелците постепено ја заземаат земјата на Палестинците и прават обиди за формирање на 10 нови населби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.