живот, Коронавирус

Загриженост за менталното здравје во време на коронавирусот

Експертите велат дека општествената изолација може да создаде чувство на страв, вознемиреност и депресија

Ekip   | 29.03.2020
Загриженост за менталното здравје во време на коронавирусот

АТИНА (АА) - МАГДА ПАНАУЦОПОЛУ

До неодамна коронавирусот, познат како Ковид-19 за многумина беше не беше познат. Од декември минатата година многумина се плашат од овој вирус, што создава чувство на несигурност, осаменост и беспомошност.

Откако прв пат се појави во кинескиот Вухан, во декември минатата година, коронавирусот се рашири во околу 200 земји и региони, поради што Светската здравствна организација прогласи пандемија.

Според податоците од интернет страницата „Worldometer“, во светот досега вкупно се потврдени над 700 илјади случаи со коронавирусот, а починаа над 33 илјади лица. Бројката на оздравени лица од овој вирус изнесува над 145 лијади.

Во Грција, пандемијата на коронавирусот однесе 37 човечки животи а вкупната бројка на потврдени случаи на заразување достигна 1.061.

Грција започна да се затвора (изолира) со цел да се спречи ширењето на вирусот, поради што властите ги советуваат луѓето да избегнуваат собири. Но, последиците за менталното здравје кај луѓето можат да бидат сериозни и можат да доведат до ланец на интензивни и нездрави чувства, особено на подолг временски период.

Хештагот #Menoumespiti, што значи „Остани дома" стана слоган на групите на социјалните мрежи креирани со цел луѓето да можат да ги споделуваат своите чувства и ставови во врска со ситуацијата со коронавирусот.

Експертите веруваат дека секој вид интеракција е клучна во такви периоди.

- „Споделувањето на сличните проблеми дава чувство на утеха"

Клиничкиот психолог и психотерапевт Томас Малиарудакис вели дека ова може да помогне бидејќи создава поврзување и им дава чувство на утеха на луѓето што споделуваат слични проблеми.

Малиарудакис објаснува дека луѓето имаат потреба од дружење, а општествената изолација е нешто непознато и ново, затоа на многумина луѓе ќе им биде тешко да се прилагодат на оваа нова ситуација заради губење на контролата.

Тој додва дека ќе биде забележително чувството на беспомошност. Оваа беспомошност како резултат може да има сериозно влијание врз менталното здравје на луѓето и може да биде многу големо.

Една до две недели изолација може да биде корисна бидејќи работниот стрес и општествената вознемиреност се помали, објаснува Фрагискос Гонидакис, психијатар во универзитетската болница Егенитио (Egenitio University Hospital).

Сепак, Гонидакис вели дека долгите периоди на изолација можат да создадат состојба на хроничен стрес. 

„Изолацијата значи дека нема лесен пристап до секојдневните потреби, како што е посета на лекар или лесен пристап до лекови", рече Гонидакис.

„Се очекува влошување на општата здравствена состојба на населението“, смета психијатарот Гонидакис и истакнува:

„Овој стрес може да придонесе за манифестација на анксиозни нарушувања како што се паника, генерализирано анксиозно растројство и фобии. Покрај тоа, луѓето кои веќе страдаат од биполарни нарушувања, психоза, ОЦБ и нарушувања во исхраната може да имаат повисока стапка на релапс."

Тој појаснува дека „состојбата на изолација е нешто ново за луѓето, особено недостатокот на слободното движење."

„Да се ​​биде изолиран дома, исто така, да се соочиме себеси од одвраќање на секојдневниот живот, може да донесе непријатни чувства со кои индивидуата можеби не е подготвена да се соочи или да се справи“, вели Димитрис Чурмузис, клинички психолог и психотерапевт.

- Нарушувања

Според Националниот центар за имунизација и респираторни заболувања, Ковид-19 може да доведе до страв за нашето здравје и за здравјето на нашите најблиски, нарушувања на спиењето и нарушувања во исхраната, тешкотии во концентрацијата, зголемување на злоупотреба на супстанции, како и влошување на хронични здравствени проблеми.

Експертите исто така веруваат дека генетски склоните кон анксиозност можат да бидат со поголем ризик од општата популација.

„Многу е нормално да чувствуваме страв за себе, за нашите најблиски или страв од потенцијална закана за нашето здравје", велат експертите.

„Секојпат кога ќе пуштам телевизија, се плашам што ќе слушнам“, велу Спирос Костантину, 25-годшно лице вработено во приватниот сектор.

„Да, се плашам. Да, се чувствувам сам на моменти додека живеам сам и ова ми е потешко. Моето семејство не е блиску“, раскажува тој.

Како што вели, обичните навики како што се излегување и дружење, одење на кафе или средба со луѓе веќе не се опција.

„Она што навистина ми недостасува е контактот со луѓето“, рече 45-годишниот Алики Хоидас.

Постои уште една страна на оваа изолација, посветла и попозитивна. За некои, тоа би можело да се нарече рестартирање или „состојба на самопрочистување."

„Може да биде шанса да се преиспитаат нештата во животот, далеку од лудилото на надворешниот свет“, изјави за Агенција Анадолија (АА), 45-годишната самовработена Кристина Димитријаду.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın