живот

Доктор Таравари за АА: Првите симптоми на загадувањето на воздухот се појавуваат подоцна

- Граѓаните на Македонија, особено оние од Тетово, Скопје и Битола, долго време дишат загаден воздух, кој неколкупати го надминува дозволеното ниво

Dzihat Aliju  | 29.12.2015 - Обновена : 30.12.2015
Доктор Таравари за АА: Првите симптоми на загадувањето на воздухот се појавуваат подоцна

Скопје

СКОПЈЕ (АА) - Граѓаните на Република Македонија, особено оние од Тетово, Скопје и Битола, долго време дишат загаден воздух, кој неколкупати го надмина дозволеното ниво на загаденост, кое се гледа од мерните станици за следење на воздухот. Но, она што не е доволно присутна е првата појава на симптоми од дишењето загаден воздух, јавува Anadolu Agency (AA).

 Во врска со овој вознемирувачки феномен во разговор за Anadolu Agency (АА)  лекарот Арбен Таравари од Универзитетската клиника во Скопје, вели дека составот на воздухот, кој ги содржи честичките наречени 'РМ10", кои Светската здравствена организација ги класифицира како канцерогени, во Тетово и во Скопје неколкупати го надминуваат дозволеното ниво на присуство во воздухот.

Според него, во 2010 година имало околу 1.300 луѓе кои страдале од различни видови на рак, додека во 2013 година оваа бројка е речиси двојно зголемена, и како што вели, не постојат официјални податоци за периодот од 2014 до крајот на 2015 година.

Таравари појаснува дека загадувањето на воздухот предизвикува проблеми, но не само на респираторниот систем, како што првично се мислеше.

 "Тоа главно влијае на дишните органи; дишните органи имаат обврска кислородот што го земаат од воздухот да го испратат низ другите органи, така што се појавуваат проблеми и во бубрезите, очите и мозокот. Во многу органски системи влијае негативно", рече докторот Таравари за АА, според кој во краток временски период не може да се почувствува ништо, но некои луѓе кои се почувствителни, ја чувствуваат (загаденоста) во различни форми.

 "На краток рок, не може да се почувствува ништо, но некои луѓе кои се многу чувствителни може да реагираат со кивање и кашлање, некои со промена на боја на кожата, промени во конјуктивата на окото, но во целина последиците не се чувствуваат веднаш. Ефектите од загадувањето на воздухот, кој во моментов се случува во Македонија, ќе се видат со години (нанапред), значи ако ги анализираме случаите на рак секоја година и ги споредиме со претходните години, ќе забележиме драматично зголемување", рече Таравари.

 Инаку, разни невладини организации собрани под платформата "Излези за свеж воздух" вчера пред зградата на Владата, во Скопје, побараа од властите да преземат итни мерки за спречување на загадувањето на воздухот. Демонстрантите извикуваа дека ако Владата не преземе никакви мерки до 15 јануари, тие ќе ги блокираат главните патишта на загадените градови.

 Пред еден ден Владата ги усвои заклучоците со кои ги предложи сите правни субјекти во градот Скопје и во општина Тетово за ослободување на бремените жени, лицата над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лицата помлади 60 години со дијагноза на астма и хронична опструктивна белодробна болест од работните обврски до 4 јануари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.