Турција, живот

Во Едрене при крај се подготовките на Музеј во кој ќе се оживуваат румелиските и балканските свадби

- Директорот за култура и туризам во Едрене Сојтурк: „Во Музејот раскажуваме за тоа како се правеле свадбите. Најважниот елемент на нашето сценарио се свадбите во Румелија и Балканот во 17 и 18 век. Исто така се раскажува и за сунетските свадби.“

Gökhan Balcı  | 03.03.2021 - Обновена : 05.03.2021
Во Едрене при крај се подготовките на Музеј во кој ќе се оживуваат румелиските и балканските свадби Фото: Ѓокхан Балџи / АА

ЕДРЕНЕ

При крај се подготовките за основање на Музејот за етнографија „Неџми Иге“ во Едрене, во кој ќе се раскажува за свадбите од Румелија и Балканот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Музејот ќе биде основан во конакот во маалото Мејдан, во историската населба во градот каде што живееше поранешниот директор на Музејот, починатиот Неџми Иге.

Во градината на Музејот, исто така, ќе биде изложен и пајтон каков што во минатото се користел како возило за пренесување на невестата.

Пајтонот, кој ќе биде важен дел од Музејот, е произведен од Озџан Абаџи, уметник за традиционална ракотворба при Министерството за култура и туризам на Турција.

Директорот за култура и туризам во Едрене, Кемал Сојтурк, посетувајќи ја работилницата на Абаџи имше можност да го разгледа пајтонот.


- „Се очекува да се отвори во април“

Сојтурк во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека во античкиот град со историско и културно богатство музејските активности ги спроведуваат и Министерството за култура и туризам во Едрене и Гувернерството на Едрене.

Сојтурк наведе дека во конакот на Неџми Иге изграден на почетокот на 19 век, кој е еден од најважните дела на цивилната архитектура на градот, ќе се раскажува за животот во конаците и семејниот живот.

Зборувајќи дека подготовките на Музејот се при крај, Сојтурк рече: „Во музејот раскажуваме за тоа како се правеле свадбите. Најважниот елемент на нашето сценарио се свадбите во Румелија и Балканот во 17 и 18 век. Исто така се раскажува и за сунетските свадби.“

Меѓу другото, Сојтурк истакна дека еден од најважните елементи на Музејот ќе биде пајтонот.

Нагласувајќи дека пајтонот е едно од најважните превозни средства во периодот пред автомобилите, Сојтурк рече:

„Пајтонот бил превозно средство за невестата и младоженецот на свадбите. Пајтонот произведен од Абаџи ќе го поставиме во дворот на Музејот. Покрај пајтонот во дворот ќе има и макета на коњ. Посетителите ќе можат да се качуваат на пајтонот и да се фотографираат. Во музејот ќе се зборува за свадбите и семејниот живот од аспект на традиционалната и современата музеологија.“

Сојтурк рече дека планираат да го отворат Музејот со почетокот на туристичката сезона, што министерот за култура и туризам на Турција Мехмет Нури Ерсој планира да ја започне во април.

Наведувајќи дека правењето на пајтонот траело околу 2 месеца, Абаџи рече: „Ме радува фактот дека како човек од Едрене правам нешто за Едрене. Тоа е посебна гордост за мене. Им се заблагодарувам на властите. Пајтонот е направен во оригинална големина.“




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.