живот, Коронавирус

Болести кои ја опустошија Европа

Од почетокот на светот досега, пандемските болести како што се колерата, чумата и грипот се причина за смртта на милиони луѓе. Европа е еден од континентите во светот кој во минатото монгу страдаше од епидемии.

Şerife Çetin  | 17.03.2020 - Обновена : 18.03.2020
Болести кои ја опустошија Европа

БРИСЕЛ (АА)

- Шерифе ЧЕТИН 


Откако Светската здравствена организација (СЗО) излезе со изјавата „Европа стана центар на епидемијата на новиот тип на коронавирусот Ковид-19“, на дневен ред повторно се најдоа епидемиите и болестите со кои стариот континент се борел низ историјата.

Новинар на Агенција Анадолија (АА) изработи текст во кој се анализираат тешките болести и епидемии кои низ историјата ја опустошија Европа. Од почетокот на светот досега, пандемските болести како што се колерата, чумата и грипот се причина за смртта на милиони луѓе. Европа е еден од континентите во светот кој во минатото монгу страдаше од епидемии.


- Вирусот Ковид-19 ја потресе Европа

Случајот кога вирус или болест многу бргу се проширува на големи површини и заразува голем број луѓе се нарекува пандемија, во случај кога заразата е концентрирана во еден град, држава или регион, станува збор за епидемија.

СЗО објави дека Ковид-19 претставуа пандемија, бидејќи е раширена на глобално ниво.

Додека Еропа е прогласена за центар на пандемијата на Ковид-19 и речиси нема земја од стариот континет во која овој вирус не е стигнат, секојдневно се зголемува бројот на починати. Познато е дека Европа и во минатото се борела со голем број епидемиски болести.


- Црната чума одзеде милиони животи 

Се претпоставува дека црната чума која се појавила во Централна Азија кон средината на 1300 години, користејќи го Патот на свилата, преку Крим пристигнала во Европа.

Црната чума која за првпат во Европа е регистрирана во италијанската Сицилија, поради војната во тој период се пренела во Франција, Шпанија, а оттука на целиот стар континент.

Чумата, за која се вели дека предизвикала социолошки и економски побуни на ниво на целиот континент, била причина за смртта на 30 до 60 проценти од популацијата на Европа.

Експлозија на црната чума во Италија повторно е забележана во 1629 година, а во Велика Британија во 1665 година. Чумата која предизвикала смрт на 255 од популацијата, долго време можела да се забележи во земјите на Европа. Тоа е и период во кој се интензивира спроведувањето на карантин.

Се до 20 век, во Европа со векови можело да се почувствува влијанието на чумата која одвреме навреме се повторувала. Се претпоставува дека Црната чума на светско ниво била причина за смртта на 75 милиони луѓе.


- Колерата се прошири и во Европа 

Пандемијата на колера која предивика приближно 7 различни брана во светот, во Европа најмногу се прoшири поради развиените трговски патишта.

Колерата која се пренесува преку нечиста вода и храна, во својот втор налет во периодот 1826-1837 година најмногу ги погоди Северна Америка и Европа.

Зголемената раздвиженост предизвикана од глобалната трговија и подвижноста на воените единици, предизвика колерата во својот втор бран преку руските војници да биде пренесена во Полска, а оттаму ја зафати цела Европа.

Третиот бран на колерата што ја зафати Европа беше во периодот 1853-1854 година, кога во Велика Британија животот го загубија 1.023.000 лица. Како петти бран се смета периодот 1883-1887 година, кога колерата беше причина за смртта на 250.000 Европејци.

По ова дојде до развој на здравствените услуги и системите за водоснабдување во Европа, поради што последните два брана на колерата беа многу помалку катастрофални.


- Шпанскиот грип - трагедија на 20. век 

Шпанскиот грип познат и како „Шпанска грозница“ се појави во периодот 1918-1919 година и влезе во историјата како најсмртоносната пандемска болест на 20. век.

Експертите проценуваат дека од споменатата пандемија починале меѓу 25 и 50 милиони луѓе.

Иако не е познато каде точно за време на Првата светска војна се појавила оваа болест, се смета дека станува збор за вирус со потекло од Соединетите Американски Држави (САД) кој за кус период се раширил низ Европа. Лицата кои беа заразени од вирусот, кој во летните месеци забрзано се прошири, умираа за неколку дена откако ќе покажеа симптоми на пневмонија.

Овој вирус, кој во Европа се појави во неколку брана, во последните два брана предизвика смртност во кои настрадаа воглавно лицата на возраст од 20 до 40 години.

Поради немањето терапија против овој грип, земјите воведоа мерки како изолацијата, карантинот, личната хигиена и големата употреба на дезинфекциски средства.

Шпанскиот грип на глобално ниво предизвика смрт на околу 100 милиони лица.


- Азиски и Хонгконшки грип 

Во 1957 година на југот од Кина, а во 1968 година во Хонгконг се појави вирус на грип кој за кусо време стигна до Европа.

Според европските статистики, Азискиот грип предизвика смрт на 1,1 милиони луѓе во Азија, додека од Хонгконшкиот грип починаа над 1 милион луѓе.


- ХИВ-СИДА 

Вирусот на ХИВ-СИДА кој во 1976 година се појави во Демократската Република Конго, се прошири низ целиот свет, предизвикувајќи смрт на 36 милиони луѓе.

Пронајдените начини за лекување ја намалија смртноста, но според последните податоци за Европа, во 2018 година приближно 38.000 лицапочинале поради вирусот на ХИВ-СИДА.


- По избувнувањето на САРС формиран Центар за контрола на болести 

По епидемијата на коронавирусот САРС, кој 2002 година се појави во Кина, Европската Унија (ЕУ) го формираше Центарот за превенција и контрола на болести (ECDC).

Кај заболените од САРС, по симптомите на треска и дијареја, настануваше одреден вид пневонија. Генерално, смртноста беше застапена кај 10 отсто од заболените, но тој процент кај заболение на возраст над 60 години изнесуваше 50 отсто.

Од овој вирус, кој на луѓето преминал од животните, на светско ниво беа заразени 8.000 лица, од кои починаа 800.

Според бројноста на починати од САРС во Европа, најголем број смртни случаи имаше во Германија - 9, 7 во Франција, 5 во Шведска, 4 во Велика Британија, 4 во Италија и по 1 смртен случај во Ирска, Романија, Шпанија и Швајцарија. САРС е ставен под контрола во 2003 година.


- Свински грип 

Светската здравствена организација има објавено дека како последица на заразеност со свинскиот грип во периодот 2009-2010 година починале 18.500 луѓе.

Овој вид на грип, кој за првпат се појави во Мексико и САД, во Европа предизвика смрт на приближо 1.900 луѓе.

Најголем број на смртни случаи во Европа од свинскиот грип имаше Велика Британија, каде од овој вирус починаа 457 лица. Свинскиот грип, кој СЗО го прогласи за пандемија, во Европа траеше 34 недели, по што во 2010 година беше ставен под контрола.

Се проценува дека смртноста од новиот тип на коронавирусот Ковид-19, кој во моментов го зафати речиси целиот свет, се движи меѓу 1 и 3,4%. Интересен е фактот што вирусот Ковид-19, за кој сè уште нема лек, забрзано се шири низ светот.

Се смета дека предностите што ги нуди модерниот свет како што се патувањата и слободата на движење, уште повеќе го забрзуваат проширувањето на вирусот Ковид-19.

Забрзано продолжуваат студиите за пронаоѓање на лек против Ковид-19. Додека истражувањата се во тек, експертите истакнуваат дека некои пандемии сами исчезнуваат по себе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.