живот

Австралија: Пронајдени заби од морско куче, стари 25 милиони години

- Австралискиот медиумски сервис СБС (SBS) објави дека учителот и ловецот аматер на фосили, Филип Мулали, на брегот на Викторија, во регионот Сурф Кост, пронашол 45 заби од морско куче кое живеело пред 25 милиони години.

Recep Şakar  | 10.08.2018 - Обновена : 11.08.2018
Австралија: Пронајдени заби од морско куче, стари 25 милиони години

Queensland

МЕЛБУРН (AA) – Истражувач аматер на фосили од Австралија, на брегот на Викторија пронајде заби од морско куче, долго девет метри, за кое се наведува дека живеело пред 25 милиони години, јавува Anadolu Agency (AA).

Австралискиот медиумски сервис СБС (SBS) објави дека учителот и ловецот аматер на фосили, Филип Мулали, на брегот на Викторија, во регионот Сурф Кост, пронашол 45 заби, за кои е утврдено дека му припаѓаат на девет метри долгото морско куче, кое живеело пред 25 милиони години.

Мулали изјави дека пред две години, шетајќи по брегот, забележал големи заби, по што ги известил раководителите на локалниот музеј.

„Шетав по брегот и барав фосили. Најпрвин видов дека нешто свети. Само четвртина од забите беше на површината на брегот. Бев возбуден, сè изгледаше многу убаво. Бев свесен дека пронајдов нешто што можам да го споделам со луѓето“, рече Мулали.

Истакнува дека особено бил изненаден од фактот што забите биле прилично здрави.

„Беа многу остри. Иако му припаѓаат на морско куче, кое живеело пред 25 милиони години, изгледаа како штотуку да испаднале од живо морско куче“, рече Мулали.

Управникот на Музејот во Викторија, Ерик Фиџералд, истакна дека екипата која излегла на терен, на истата локација пронашла дури 45 заби. Освен тоа, пронајден е и дел од ’рбетот на спомнатото морско куче.

„Ова е многу важен пронајдок. На подрачјето на Австралија за првпат е пронајден комплет заби во последните 160 години. Во целиот свет постојат само три такви комплети“, рече Фиџералд, додавајќи дека забите ќе бидат изложени во музеј во Мелбурн.

За овој вид морски кучиња, чии заби се пронајдени, се наведува дека живееле пред 25 милиони години. Јаделе китови и се сметале за најголеми грабливци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın