економија

„Туркиш ерлајнс“ отвора нова дестинација во Кина

Летовите првично ќе бидат понудени три пати неделно, а бројката ќе се зголеми со доаѓање на летото 2020 година

Tuba Şahin   | 07.11.2019
„Туркиш ерлајнс“ отвора нова дестинација во Кина

АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ на крајот од оваа година во знак на одбележување на 20- годишнината од работењето во Кина, отвора нова дестинација за Сиан, северозападна Кина, пренесува Anadolu Agency (AA

„Сиан ќе биде четвртата дестинација на турската авиокомпанија во Кина“, се вели во соопштението на „Туркиш ерлајнс“.

Летовите првично ќе бидат понудени три пати неделно, а бројката ќе се зголеми со доаѓање на летото 2020 година.

Со оваа нова дестинација, бројката на повратни летови на „Туркиш ерлајнс“ во Кина ќе се искачи на 24.

„Очекуваме летовите во Сиан да придонесат за врските во туризмот, трговијата, културата и економијата меѓу двете земји“, рече Илкер Ајџи, претседател на Управниот одбор на „Туркиш ерлајнс“.

Најавата за новата услуга се совпаѓа со првиот кинески товарен воз, кој сообраќа на кинеската железничка линија „Експрес“ од Сиан кон Европа под Босфорскиот Теснец во Истанбул, главниот трговски град во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın