економија

„Економските советници ќе ги престават потенцијалите на РСМ како привлечна дестинација за странски инвестиции"

Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи, ќе биде испратена во амбасадата во Анкара, секако важна дестинација од економски аспект, имајќи ги предвид длабоките економски релации кои се веќе создадени со Република Турција.

Admir Fazlagic  | 17.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
„Економските советници ќе ги престават потенцијалите на РСМ како привлечна дестинација за странски инвестиции" ( Фото: Министерство за надворешни работи на Северна Македонија )

СКОПЈЕ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи во рамки на исполнување на предвидените активности кои произлегуваат од мандатна мисија, во насока на ревитализација и зајакнување на економската дипломатија, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на нашите амбасади за да ги предводат и имплементираат економските политики секоја земја и регион посебно, пренесува Агенција Анадолија(АА).

Како што соопшти МНР, во првиот дел од пилот проектот, амбасадорот Илија Псалтиров, кој е доктор по економски науки, ќе биде упатен во Варшава, од каде покрај Полска, ќе ги покрива и останатите земји од групата Вишеград, како што се Чешка, Словачка и Унгарија.

Абдилџемил Саити, ќе оди во Германија, и тоа во Конзулатот во Минхен, од каде ќе се покриваат економските активности и за Австрија – две земји кои се најголемите економски партнери на земјава.

Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи, ќе биде испратена во амбасадата во Анкара, секако важна дестинација од економски аспект, имајќи ги предвид длабоките економски релации кои се веќе создадени со Република Турција.

Бекри Ајдини, магистер по меѓународна економија, ќе биде упатен во амбасадата во Абу Даби.

„Задачата на економските советници ќе биде секако да ги престават потенцијалите на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции; да ја промовираат земјата како атрактивна туристичка дестинација; да ги промовираат нашите извозни потенцијали; но и воопшто да ја промовираат Северна Македонија како економски и политички бренд кој претставува дел од современото општество“, истакна Османи.

Покрај испраќањето економски советници, во рамки на проектот за зајакнување на економската дипломатија Османи најави и Видео-конференции со нашите партнери во овие земји и региони.

„Очекувам во текот на наредните месеци, во согласност со протоколите кои ги наметна Пандемијата, да отпочнеме со видео средби и презентации со нашите партнери и колеги од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Турција, Австрија, Германија, Обединетите Арапски Емирати и земјите од заливот; активност за што примарно ќе бидат задолжени економските советници кои денес ви ги претставив“, нагласи Османи.

Министерот посочи дека во следната фаза од овој, пилот проект, таргет се и неколку мултилатерални економски мисии. Во координација со Министерствата за Земјоделие и за Економија, во втората половина од годинава ќе бидат испратени наши претставници и во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации или ФАО, во Рим; како и претставник во канцеларијата на Светската Трговска Организација во Женева.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.