свет, економија

Демонстрации во Франција против владиниот буџет за 2026 година

Синдикатите предупредија дека предложените мерки би можеле да го загрозат вработувањето во јавниот сектор и дополнително да ги оптоварат јавните услуги што веќе се под притисок

Elena Trenchevska Chekovic  | 02.12.2025 - Обновена : 02.12.2025
 Демонстрации во Франција против владиниот буџет за 2026 година Фото: Mathieu Prudhomme/AA

СКОПЈЕ (АА) – Француските синдикати денес одржаа протести како дел од националните собири против предложениот буџетски план на француската Влада за 2026 година, јавува Анадолу.

Протестот во Лион, предводен од членови на разни мултисекторски синдикати, Општата конфедерација на трудот (ЦГТ), Обединетата федерација на синдикати (ФСУ) и Солидер, го критикуваа предлог-буџетот, нарекувајќи го „социјално неправеден“.

Синдикатите предупредија дека предложените мерки би можеле да го загрозат вработувањето во јавниот сектор и дополнително да ги оптоварат јавните услуги кои веќе се под притисок.

Синдикалните претставници изјавија дека демонстрациите ќе продолжат во наредните денови со цел да го зголемат притисокот врз Владата да го ревидира предлог-буџетот.

Се очекуваат прекини на јавниот превоз, на наставата во училиштата, работата на болниците и локалните администрации низ целата земја за време на националниот штрајк.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.