Турција, економија

Турција се издвојува со растот на економијата во периодот на епидемијата

Во третиот квартал во просек кај земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој забележан е пад од 4,1 отсто

Sevgi Ceren Gökkoyun   | 30.11.2020
Турција се издвојува со растот на економијата во периодот на епидемијата

АНКАРА (АА) – СЕВГИ ЏЕРЕН ЃОККОЈУН -

Турција, и покрај епидемијата на Ковид-19, со растот од 6,7 отсто на бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал од годината, е единствената земја во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во која e забележан раст, пишува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите на АА, базирани на податоците на ОЕЦД и Институтот за статистика на Турција (TÜİK), во првиот период на годината поради епидемијата од коронавирусот забележан е остар пад на бруто домашниот производ (БДП). Во третиот квартал во просек кај земјите членки на ОЕЦД забележан е пад од 4,1 отсто.

Во наведениот период, во Европската Унија (ЕУ) забележана е рецесија од 4,3 отсто, а во еврозоната 4,4 отсто.

Норвешка, една од земјите на ОЕЦД, во третиот квартал имаше рецесија од 0,1 процент, Јужна Кореја 1,3 проценти, Израел 1,4 проценти, Литванија 1,7 проценти и Полска 2 проценти.

Меѓу земјите на ОЕЦД, најголема рецесија е забележана кај Чиле со 10,3 проценти и Велика Британија со 9,6 проценти.

Од друга страна, во третиот квартал американската економија се намали за 2,9 отсто, француската економија за 3,9 проценти, додека во Германија забележано е намалување од 4 проценти.

- Знаци за закрепнување на турската економија -

Турција во првиот квартал годинава имаше пораст на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5 проценти, а во вториот квартал поради пандемијата имаше намалување од 9,9 проценти. Економијата порасна за 6,7 проценти во третиот квартал, кога беа преземени чекори за нормализација.

Со ова, Турција беше единствената земја што забележа позитивен раст меѓу земјите на ОЕЦД.

Покрај тоа, во Кина, каде што се појавија првите случаи со Ковид-19 и која не е членка на ОЕЦД, продолжи економското закрепнување. Во третиот квартал од годината, економијата на Кина порасна за 4,9 проценти.

Според податоците на ОЕЦД, стапката на раст во третиот квартал кај некои земји и група земји е:

Земји и група земјиСтапка на раст (%)
Турција**6,7 
Норвешка-0,1*
Јужна Кореја-1,3
Израел-1,4
Литванија-1,7
Полска-2
Словачка-2,2*
Холандија-2,5*
Шведска-2,7
Финска-2,8
САД-2,9
Летонија-3,1
Данска-3,4
Франција-3,9
Германија-4*
ОЕЦД-4,1
ЕУ-4,3
Еврозона-4,4
Канада-4,6*
Унгарија-4,7
Италија-4,7
Белгија-5,1*
Австрија-5,3
Република Чешка-5,8
Португалија-5,8
Јапонија-5,9
Мексико-8,6
Шпанија-8,7*
Колумбија-9,5
Велика Британија-9,6
Чиле-10,3


*Проценета вредност или привремени податоци

**Податоци на Институтот за статистика на Турција (TÜİK)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.