Турција, економија

Турска компанија извезува жаби бикови во Европа повеќе од шест децении

„Компанијата „Сагун“ продава риба и морска храна на околу 40 земји, од Швајцарија до Јапонија“, соопшти потпретседателот на компанијата

Uğur Aslanhan  | 12.08.2022 - Обновена : 29.08.2022
Турска компанија извезува жаби бикови во Европа повеќе од шест децении

ИСТАНБУЛ (АА) - Над 60 години позната компанија за рибарство и аквакултура во Туркије извезува жаби бикови во Европа каде што нејзините деликатеси се добро познати, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Почнавме да продаваме жаби во Франција во раните 1960-ти. Во моментот извезуваме преработени и полуготови жаби на Франција и Швајцарија, каде што најмногу се консумираат“, рече Огулџан Кемал Сагун, потпретседателот на компанијата „Сагун“.

Компанијата се занимава со одгледување на туна, морска платика, морски бас, пастрмка, турски лосос, водна жаба, морски полжав и ракчиња.

„Компанијата има 15 објекти околу Туркије и извезува 70 проценти од своето производство“, рече Сагун.

Истакнувајќи дека компанијата извезува во околу 40 земји, од Швајцарија до Јапонија, Сагун рече дека туната е нивниот водечки производ, а 90 проценти од продажбата оди во Јапонија.

„Турскиот лосос е нашиот извор на гордост. Бидејќи Туркије е втора по големина земја на аквакултура во Европа, по Норвешка“, истакна тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.