Турската компанија ФЛО отвори втор продажен салон за обувки во Северна Македонија
„Кога влегувате на Балканот, важно е да го знаете Балканот. Нашиот прв продажен салон го отворивме минатиот месец во Тетово. Овој е нашиот втор салон. Реализиравме брзо две отворања и имаме големи очекувања од тоа“, рече Федаи

СКОПЈЕ
Турската компанија ФЛО (FLO) својот втор продажен салон за обувки во Северна Македонија го отвори во трговскиот центар „Капитол мол“ (Capitol Mall) во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата на отворањето на овој салон беа присутни Огузхан Бербер, главен советник за трговски прашања во Амбасадата на Турција во Скопје; Фатих Федаи, оперативен директор на ФЛО во странство; Севги Јазици, претставничка на ФЛО надлежна за Балканскиот Регион, претставници на турски институции и организации во земјата, како и поканети гости.
Фатих Федаи, во изјава за АА истакна дека се многу возбудени, нагласувајќи дека Северна Македонија за нив е стратешки пазар.
„Кога влегувате на Балканот, важно е да го знаете Балканот. Нашиот прв продажен салон го отворивме минатиот месец во Тетово. Овој е нашиот втор салон. Реализиравме брзо две отворања и имаме големи очекувања од тоа“, рече Федаи.
Тој рече дека ФЛО е компанија основана во 1960 година во Турција и дека успешно ги менаџира своите продажни салони во 28 земји во светот.
„Македонскиот и турскиот народ се многу блиски и слични еден на друг. Затоа, имаме многу надеж и возбудени сме што го отворивме и тука“, додаде тој.
Според него, со отворањето на продажните салони во последните години, забележале сериозен раст како компанија.
„Кон крајот на годината се надеваме дека на Балканот ќе го отвориме нашиот трет продажен салон, односно во „БЕО мол“ (BEO Mall) во Белград, Србија. Среќни сме, и горди. Возбудени и среќни сме и од реакциите кои ги добиваме. Се надевам и сметам дека ќе се интегрираме заедно со македонскиот народ и ќе чекориме кон уште подобри места“, истакна Федаи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.