Претседателот Ердоган го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан во Истанбул
- Претседателот Ердоган со церемонија организирана во претседателската канцеларија во палата Долмабахче, го пречека унгарскиот премиер Орбан, кој пристигна во Истанбул каде ќе учествува на 7. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган со церемонија организирана во претседателската канцеларија во палата Долмабахче официјално го пречека унгарскиот премиер Орбан, кој пристигна во Истанбул каде ќе учествува на 7. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу двете земји.
По пречекот, претседателот Ердоган имаше краток разговор со Орбан пред да влезат во палатата.
Потоа следеше претставување на делегациите, по што преминаа на средбата.
На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
