свет, економија

Започна вториот Самит на АСЕАН и Советот за заливска соработка во Малезија

„Инвестициите се зголемуваат, што покажува растечка доверба во долгорочниот потенцијал на нашето партнерство“

Saadet Gökce  | 27.05.2025 - Обновена : 28.05.2025
Започна вториот Самит на АСЕАН и Советот за заливска соработка во Малезија

ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот Самит помеѓу Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Советот за заливска соработка (ГЦЦ) почна денес во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, јавува Анадолу.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим во своето воведно обраќање изрази благодарност за присуството на сите лидери, нарекувајќи го тоа „силен сигнал за нивната заедничка решеност да ја зајакнат соработката меѓу АСЕАН и ГЦЦ и да истражуваат пошироки партнерства, ориентирани кон иднината, во корист на нивните народи“, според објавата на Фејсбук.

Тој истакна дека минатата година ГЦЦ бил седми најголем трговски партнер на АСЕАН, со вкупна трговија од 130,7 милијарди долари.

„Инвестициите се зголемуваат, што покажува растечка доверба во долгорочниот потенцијал на нашето партнерство“, рече Ибрахим.

Рамката за соработка помеѓу АСЕАН и ГЦЦ за периодот од 2024 до 2028 година беше усвоена за време на првиот самит што се одржа во Ријад во 2023 година.

Моментно Малезија претседава со АСЕАН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın