
ИСТАНБУЛ (АА) - Европскиот совет денес објави дека Европската Унија (ЕУ) ќе ги продолжи своите секторски санкции за Русија за уште шест месеци, јавува Анадолу.
„Советот денес ги продолжи рестриктивните мерки на ЕУ во контекст на продолжените акции на Руската Федерација што ја дестабилизираат ситуацијата во Украина за дополнителни шест месеци, до 31 јануари 2026 година“, се наведува во писмената изјава на Советот.
Првично санкциите беа воведени во 2014 година по нелегалното анектирање на украинскиот регион Крим од страна на Русија и продолжени во 2022 година со почетокот на тековната војна во Украина.
Мерките опфаќаат ограничувања во областа на трговијата, финансиите, енергетиката, технологијата, транспортот и луксузната стока.
Во рамките на санкциите се вклучени и забрана за увоз на руска нафта по морски пат, исклучување на главните руски банки од меѓународниот банкарски систем СВИФТ, како и суспензија на медиуми поддржани од Кремљ во земјите на ЕУ.
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на социјалната мрежа X напиша дека „ЕУ денес официјално се согласила да ги продолжи секторските санкции за Русија“.
Таа истакна дека Унијата останува посветена на зголемувањето на притисокот врз Москва за да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека „секој пакет санкции ја ослабува способноста на Русија да води војна“.