економија

Бундесбанк воведе нова банкнота од 20 евра

Банкнотите ќе бидат во оптек од 25 ноември. Се очекува дека во иднина ќе бидат сменети и банкнотите во апоени од 50, 100, 200 и 500 евра.

????? ??????????  | 12.11.2015 - Обновена : 14.11.2015
Бундесбанк воведе нова банкнота од 20 евра

Франкфурт

ФРАНКФУРТ (АА) - Централната банка на Германија Бундесбанк воведе нова банкнота 20 евра, која на пазарот ќе биде пуштена на 25 ноември, а членот на Управниот одбор на Бундесбанката Карл Лудвиг Тиеле тврди дека ова е пресвртница во технологијата за изработка на банкноти, јавува Anadolu Agency.

Тиеле во седиштето на Бундесбанк во Франкфурт пред новинарите ја претстави новата банкнота од 20 евра, нагласувајќи дека ова банкнота е со освежен дизајн и безбедност. Тој додаде дека оваа банкнота има нов безбедностен елемент наречен "Портрет на прозорецот." 

"Новата банкнота има зголемени безбедносни карактеристики кои го намалуваат ризикот од фалсификат. Тука посебно мислам на новиот холограм. Оваа банкнота е пресвртница во изработката на вакви хартии од вредност кои се многу побезбедни и потрајни од претходно печатените ", рече Тиеле. 

Тиеле изјави дека на пазарот на пари во еврозоната во моментов во оптек има 18,1 милијарди банкноти. 

Банкнотата од 20 евра ја задржа сината боја, но нејзиниот дизајн е обновен со симболи од Европа.

Воведување на нови безбедни банкноти датира уште од од 2002 година, кога започна борбата против фалсификувањето на пари.

Новите банкноти од 5 евра беа воведени пред две години, а минатата година на пазарот се појавија и нови банкноти од 10 евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın