економија

Акциите на „Најк“ паднаа за 10,5 % по падот на продажбата во Кина

- Загриженоста за перформансите на „Најк“ се пренесе и на европските пазари, па акциите на германските спортски брендови „Адидас“ и „Пума“ исто така забележаа благ пад утринава.

Mücahithan Avcıoğlu  | 19.12.2025 - Обновена : 20.12.2025
Акциите на „Најк“ паднаа за 10,5 % по падот на продажбата во Кина

ИСТАНБУЛ

Акциите на спортскиот гигант „Најк“ паднаа за 10,5 % во претпазарното тргување денес, откако загриженоста за слабите резултати на компанијата во Кина ги надмина позитивните очекувања поврзани со добивката во вториот фискален квартал, јавува Анадолу.

„Најк“ вчера објави квартални приходи и добивка што ги надминаа пазарните прогнози, при што падот на продажбата во Кина беше делумно компензиран со растот во Северна Америка.

Приходите во вториот фискален квартал пораснале за 1 % на годишна основа, додека заработката по акција се намалила за 32 % во споредба со истиот период лани, на 0,53 долари.

Компанијата пријави раст од 9 % на приходите во Северна Америка, кои достигнаа 5,63 милијарди долари. Наспроти тоа, бизнисот во регионот на Голема Кина забележа пад од 17 % на приходите, на 1,42 милијарди долари.

Загриженоста за перформансите на „Најк“ се пренесе и на европските пазари, па акциите на германските спортски брендови „Адидас“ и „Пума“ исто така забележаа благ пад утринава.

Компанијата очекува умерен раст на приходите во Северна Америка и пад од ниски едноцифрени проценти во третиот фискален квартал. Дополнително, „Најк“ прогнозира намалување на бруто-маржата за 1,75 до 2,25 процентни поени, вклучувајќи и негативно влијание од 3,15 процентни поени поради царините.

Според податоците на компанијата, приходите од продажба на големо во текот на кварталот пораснале за 8 %, на 7,5 милијарди долари, додека директната продажба се намалила за 8 %, на 4,6 милијарди долари.

Царините, исто така, имаа значително влијание врз резултатите на „Најк“. Компанијата соопшти дека зголемените царини се главната причина за падот од 3 % на залихите и намалувањето од 3 процентни поени на бруто-маржата.

Акциите на „Најк“ веќе беа во пад од повеќе од 13 % од почетокот на годината, заклучно со затворањето на пазарот вчера.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın