економија, Балкан

„Сити плаза“ го презеде „Рамстор“ и ќе инвестира 105 милиони евра за развој на компанијата

„Во ера на пандемија која го зафати целиот свет, со непознат непријател, во време на здравствена и економска криза, ние одлучивме да инвестираме над 100 милиони евра за доброто на нашата држава“

Husamedin Gina   | 05.04.2021
„Сити плаза“ го презеде „Рамстор“ и ќе инвестира 105 милиони евра за развој на компанијата

СКОПЈЕ (АА) – Компанијата „Рамстор Македонија“ денеска официјално е преземена од новиот сопственик – компанијата „Сити плаза“ од Скопје, којa ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во развојот на компанијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Македонската компанија „Сити плаза“ од Скопје е новиот сопственик на „Рамстор Македонија“ во чиј состав влегуваат „Рамсторе мол“, како и синџирот маркети „Рамсторе“.

Во следните пет години „Сити плаза“ ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на оваа компанија.

На свечениот настан присуствуваше и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој во своето обраќање рече дека списокот на инвестиции на компанијата „Сити плаза“ од Скопје е навистина импресивен.

„Рамстор на Адемоски не само што ги задржа сите 1000 вработени во услови на криза, туку во новите инвестиции најавува уште најмалку 700 нови работни места. Плановите на компанијата не се ограничуваат само на сегментот на малопродажбата туку се предвидува и инвестиција во фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско“, нагласи премиерот Заев.

Тој рече дека граѓаните од турската заедница во земјата се силна алатка на поврзување на традиционалното, исклучително доброт пријателство и одличната соработка помеѓу Северна Македонија и Турција.

Почесниот конзул на Турција и сопственик на „Сити плаза", Ајдован Адемоски, денеска пред бројни претставници на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени ја претстави инвестициска програма за „Рамстор Македонија" за периодот од 2021 до 2025 година.

„Во ера на пандемија која го зафати целиот свет, со непознат непријател, во време на здравствена и економска криза, ние одлучивме да инвестираме над 100 милиони евра за доброто на нашата држава“, рече Адемоски.

Истакнувајќи дека не можеме да дозволиме судбината да ја крои иднината, сопственикот на „Сити плаза“, нагласи дека иднината ќе се гради и храбро ќе се развива бизнисот во земјата.

Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција во Северна Македонија, во своето обраќање на свеченоста рече дека новите подвизи кои ќе ги реализира Рамстор несомнено ќе дадат значаен фидбек на економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија.

Истакнувајќи дека од дента на стартувањето на своите дејности Рамстор дал нова додадена вредност, живост и вработувања во македонската економија, амбасадорот Секизќок нагласи:

„Од денес знамето на „Рамстор“, кој е впрочем од Турција, во земјата и на Балканот ќе го преземе едно име кој го познаваме одблизу. Тој е припадник на турската заедница во [Северна] Македонија која е рамноправен, државотворен народ на земјата, и човек кој досега дал значајни придонеси за оваа земја, почитуваниот Ајдован Адемоски.“

Амбасадорот заблагодарувајќи му се на премиерот Заев за големите напори за унапредување на соработката меѓу двете земји на секое поле, рече дека со огромна чест ќе го пречекаат почитуваниот премиер во Турција.

Озгур Торт, главен извршен директор на групацијата „Мигрос“, потсетувајќи дека „Рамстор Македонија“ своето патување во земјата го започнал во 2004 година, рече дека до денес има постигнато различни успешни приказни.

„Во овие изминати 16 години додадовме уште 28 маркети на мрежата на продажба под марката „Рамстор“ и понудивме квалитетни услуги на граѓаните на Северна Македонија“, рече Торт, додавајќи дека денес како компанија која вработува над 1.000 лица сè уште дава значаен придонес кон вработувањето во земјата.

Осман Арслан, претседател на „Халк Банка“ во Турција, на денешното обраќање посакувајќи успех на „Сити плаза" во понатамошната работа рече дека се многу среќни за тоа што го финансираат овој проект.

„Многу сум среќен што како групација Халк Банк обезбедуваме финансиска поддршка за овој проект кој го сметаме за успешен, продуктивен кој овозможува голем број на вработувања и ќе оствари додадена вредност за економијата на земјата“, нагласи Арслан.

Со планираните вложувања, во следните пет години „Сити плаза“ ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор“ маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Рамстор Ритејл Парк“ на локации низ земјава каде што „Рамстор“ во моментов не е присутен.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın