Балкан

Шентоп: „Република Северна Македонија е држава која ги осигурува Балканот и Европа“

„Република Северна Македонија е пример на структура не само за Балканот и Европа, туку и за целиот свет. Таа е земја пример според воспоставената средина, во која живеат луѓе од многу различни етнички потекла...“

Furkan Abdula, Dzihat Aliju  | 21.12.2020 - Обновена : 21.12.2020
Шентоп: „Република Северна Македонија е држава која ги осигурува Балканот и Европа“ Фото: Furkan Abdula / AA

СКОПЈЕ (AA) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, истакна дека Турција е моќна земја и вредноста на нејзиното пријателство е прифатена од сите страни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шентоп денес допатува во дводневна официјална посета на Северна Македонија, каде присуствуваше на одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик.

„Ние сме земја која се обидува во секое поле да стои до доброто, убавото и правдата. За време на епидемијата низ која минуваме, сите, и пријателите и непријателите, беа сведоци на ова. Нашите авиони, кои носеа медицински материјали во стотици земји, го покажаа знамето на добрината на нашата земја. Тоа за нас претставува гордост. Немаме друга цел освен желбата да надвладее доброто, а да се намали злото и суровоста“, нагласи Шентоп на свеченоста по Денот на наставата на турски јазик.

На свеченоста организирана од страна на Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ), со поддршка на Амбасадата на Турција во Скопје, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Институтот „Јунус Емре“ и Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (ЈТБ), учество зедоа Мустафа Шентоп, претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, премиерот Зоран Заев, Салих Мурат, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, претставници на турски институции и организации, пратеници, бизнисмени и голем број гости.

Шентоп во своето обраќање рече дека ги носи поздравите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и на 83 милиони граѓани на Република Турција.

- „Јазикот е дом на нашето постоење“ -

Изјавувајќи дека денес се чувствува како дома, Шентоп рече:

„Си реков се чувствувам како дома; Тоа не е претерување. Затоа што и чудесната структура што ја нарекуваме јазик нè внесува во неа, а исто така и со сите чувства и нашата душа живееме тука. Јас и по потекло припаѓам на овие земји. Јазикот е дом на нашето постоење. Исчезнува географската оддалеченост помеѓу луѓето што зборуваат на истиот јазик. Од друга страна, и да седат на ист диван постои јаз меѓу две лица кои не го зборуваат истиот јазик.“

Изјавувајќи дека претходните корени се среќавале во балканската градина и зборувале на турски јазик, а заедничките спомени ги пренесувале преку јазикот, Шентоп се осврна на поетите и писателите, како што се Јесеви, Деде Коркут, Јунус Емре, Кашгарли Махмут, Јусуф Хас Наџип, Али Шир Неваи и Ашик Паша.

„Секој од нив го посвети своето срце и својот напор за нашиот турски јазик. Оттука им посакувам милост на сите, и со почит се сеќавам на нивните спомени кои се негуваат“, рече Шентоп.

- „Да не постоеше турскиот јазик, не ќе можевме да зборуваме ниту за нашето постоење“ -

„Можеме да кажеме дека да не беше турскиот јазик, немаше да можеме да зборуваме ниту за нашето сегашно постоење, ниту пак, за нашето постоење во историјата. Да не беше нашиот јазик со кој пишуваме, литературните дела, и ние ќе бевме заборавени во непрекинатиот проток на историјата и ќе бевме ставени на полиците покриени со прашливи легенди, како што тоа им се случило на многу народи.“

Шентоп, наведувајќи дека по повлекувањето на империите од историската сцена светот е многу помешан и дека таа помешаност продолжува и денес поради тој вакуум-простор, нагласи:

„Повеќе од 50 држави основани се само во земјите на Отоманската Империја, тоа ќе објасни подобро на што мислиме.“

Шентоп, исто така, додаде: „Од времето на османлискиот период, од Румелија не продолжија да постојат само државите и политичарите, туку и вредни имиња од областа на уметноста/литературата кои продолжија да создаваат и во последниот период. Дали е можно да се опише придонесот во турската литература на поетите Јахја Кемал Бејатли и Мехмет Акиф Ерсој, кои се гласовни знамиња на нашиот турски јазик?“

Потсетувајќи дека двајцата поети служеле како почесни членови на Големото турско народно собрание, Шентоп рече дека Мехмет Акиф го напишал текстот на националната химна.

„Поетот Јахја Кемал, кој воспостави духовен мост на мирот изграден од гласови на релацијата Истанбул - Скопје и Турција - Балканот, и денес се споменува по убавиот глас и почитта што ги остави под големиот свод на турскиот јазик. Би сакал да споменам уште едно вредно име на Балканот според неговите големи заслуги за нашата литература; Шемсетин Сами. Како што знаете, тој е автор на првиот современ турски речник Камуш-и Турки (Kamus-ı Türkî), автор на првата турска енциклопедија Камуш-ул Илам (Kamus-ul Âlam), и автор на првиот турски роман напишан под името Ташук-и Талат (Taaşşuk-ı Talat) и Фитнат (Fitnat). Како што знаете, Али Сами Јен, кој е син на нашиот голем писател, е име што му служеше на турскиот фудбал и кој со своето име се идентификува со фудбалскиот тим Галатасарај.“

Шентоп рече дека весникот ‘Бирлик’, основан на 23 декември 1944 година, е интересен од аспект што тој е првиот турски весник што се печати со латинични букви. Во тоа време главниот уредник на овој весник бил назначен од државата, а трошоците ги покривала владата.

Шентоп истакна дека во овој весник во својата младост свои дела објавувале авторите Неџати Зекерија, Шевки Вардар, Енвер Тузџу, Суреја Јусуф, Мустафа Карахасан и Шукри Рамо, кои се запаметени како прва генерација на модерната турска литература во Македонија, а подоцна се појавија и списанијата како што се „Јени Кадин“, „Севинч“ и „Томурџук“.

Иако се чини дека имиграцијата во 1953 година го прекинала културниот живот, Шентоп изјави дека имињата како Авни Енѓулу, Ирфан Белар, Есад Бајрам и Сабит Јусуф се гледаат на сцената како втора генерација, додека Рифат Емин е дел од третата генерација. Тој истакна дека по 1965 година, по иницијатива на Енвер Тузџу, творат Неџати Зекерија, Махмут Киратли, Фахри Каја и Илхами Емин, а во весникот ги објавуваат своите дела и младите автори Тулај Ибрахим, Лејла Сулејман, Арзу Абдула, Мелахат Енѓулу и Октај Ахмет.

Зборувајќи за списанието „Сеслер“, кое излегуваше во рамките на весникот „Бирлик“, Шентоп подвлече дека списанието, чиј прв број излезе во 1965 година во Скопје, продолжило да излегува до 2001 година, што е многу долго за едно списание.

За постоењето на турскиот јазик на балканските простори, како припадник на најголемите јазични семејства во светот, на просторите на кои живее турската заедница, не само во Северна Македонија, туку и на другите места како што се Косово, Бугарија, Западна Тракија, Романија и Босна, Шентоп го истакна и особеното значење на турските културни и уметнички публикации, опишувајќи ја Северна Македонија со нејзините силни врски како земја со особено значење на Балканот.

„Постојат бројни причини пријателството меѓу нас да се развива понатаму. Но, меѓу овие причини, културните афинитети имаат посебна тежина“, рече Шентоп.

Изјавувајќи дека како Турција, учествувале во низа програми во рамките на прославата на Денот на наставата на турски јазик, Шентоп продолжи со зборовите:

„Турција е моќна земја и вредноста на нејзиното пријателство е прифатена од сите страни. Ние сме земја која се обидува на секое поле да стои до доброто, убавото, исправното и правдата. За време на епидемијата низ која минуваме, сите, и пријателите и непријателите, беа сведоци на тоа. Нашите авиони, кои носеа медицински материјали во стотици земји, го покажаа знамето на добрината и на нашата земја. Тоа за нас претставува гордост. Ние немаме никаква друга желба освен да надвладее доброто, а да се намали злото и суровоста.“

Зборувајќи дека на секој човек му се потребни неговиот глас и јазик, Шентоп истакна: „Нема друг начин да разбереме некого и да се опишеме себеси некому, освен јазикот. Треба да се слушаме едни со други. Да го користиме јазикот на љубовта, мирот и префинетоста, а не на непријателството. Зборувајќи да не заборавиме дека едно од значењата на зборот јазик, во нашиот турски е душа. Грлото има девет јазли. Голем залак да јадеме, но големи зборови да не кажуваме. Покрај тоа, политиката, војната, мирот, пријателството и непријателството, сите тие имаат различни јазици. Грижата за нашиот јазик е најдобриот пат да се заштити нашата историја и иднина. Кој ќе го заборави овој јазик, може да се изгуби себеси и својот дом засекогаш.“

Зборувајќи дека во Турција во сите метеоролошки билтени и временски извештаи постои непроменет шаблон, Шентоп истакна: „Што е тоа? ‘Студено и врнежливо време доаѓа од Балканот…’ Ова е всушност реченица која нè информира за врнежите од дожд и снег, кои се предвесници на милоста и изобилството. Но, драги пријатели, секогаш кога Турција го чека ова студено и дождливо време, речиси секогаш се појавува суша. Ве молиме ослободете го дождливото време, конечно нека пристигне во Турција. Чекаме, гледајќи кон патот. Што и да дојде од вас, освен смеа, ние имаме место над нашите очи. Што и да дојде од вас, за нас е вредно.“

- „Република Северна Македонија е држава која ги осигурува Балканот и Европа“ -

„Република Северна Македонија е пример на структура не само за Балканот и Европа, туку и за целиот свет. Таа е земја пример според воспоставената средина, во која живеат луѓе од многу различни етнички потекла, различни култури и јазици. Од тој аспект, Република Северна Македонија е држава која ги осигурува Балканот и Европа. Низ историјата, живеевме заедно не само со нашите роднини кои живеат тука, туку и со сродните заедници и луѓето кои се наши соседи. Ние сè уште ја чувствуваме таа блискост, тоа внимание, тоа заедништво во најдлабокиот дел од нашите срца. Да живее братството и пријателството меѓу Турција и Северна Македонија“, рече Шентоп.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.