Хрватска: Регистрирани 1.617 новозаразени со коронавирус, починаа 39 лица
- Вкупната бројка на активни случаи на зараза со Ковид-19 во Хрватска изнесува 13.241, објави Штабот за цивилна заштита на оваа земја

ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 1.617 случаи на зараза со коронавирус, а животот го загубија 39 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупната бројка на активни случаи на зараза со Ковид-19 во Хрватска изнесува 13.241, од кои 1.870 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор се поврзани 182 болни, соопшти Штабот за цивилна заштита на оваа земја.
Досега се детектирани 292.516 лица позитивни на Ковид-19, од кои од последиците што ги предизвикал вирусот животот го загубија 6.308 лица. Досега оздравеа 272.967 лица, од кои 2.003 во последното деноноќие.
Во самоизолација во Хрватска во моментов се наоѓаат 28.645 лица. Вкупната бројка на спроведени тестирања на примероци сомнителни на коронавирус во оваа земја изнесува 1.639.110, од кои 9.307 во последните 24 часа.
Заклучно со 10 април, во Хрватска дадени се 583.931 доза од вакцините против Ковид-19, а вакцинирани се 473.522 лица. Првата доза од вакцината ја примиле 361.385 лица, а втората доза од вакцината ја примиле 110.409 лица. За 1.728 лица нема податок за тоа со која доза се вакцинирани.