Хрватска: Од Ковид-19 починаа 74 лица, регистрирани 1.830 новозаразени
Штабот за цивилна заштита на Хрватска извести дека бројот на активни случаи во земјата денес изнесува вкупно 21.457 лица

ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа се забележани 1.830 нови случаи на Ковид-19, и 74 починати лица од последици предизвикани од вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Штабот за цивилна заштита на Хрватска извести дека бројот на активни случаи во земјата денес изнесува вкупно 21.457 лица.
Од нив 2.358 пациенти се на болничко лекување, од кои 255 пациенти се на респиратор.
Починати се 74 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до сега детектирани се 128.442 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.786 починаа. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 105.199, од кои 3.361 во последните 24 часа“, соопшти Штабот за цивилна заштита.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 46.802 лица.
Досега во Хрватска се тестирани 749.346 лица, од кои 5.027 во последните 24 часа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.