Балкан

Србија: Трикратно убиство во околината на Сеница, полицијата трага по осомничениот

„Припадниците на полицијата пронајдоа три безживотни тела во куќата, а едно повредено лице е транспортирано во болница“

Medin Haliloviç   | 16.01.2021
Србија: Трикратно убиство во околината на Сеница, полицијата трага по осомничениот

НОВИ ПАЗАР/СЕНИЦА (АА) - Најмалку три лица се убиени, а едно е повредено во пукотница што се случи денес во селото Расно (Сеница) на Пештерската Висорамнина.

„Припадниците на полицијата пронајдоа три безживотни тела во куќата, а едно повредено лице е транспортирано во болница“, потврдија за Агенција Анадолија (АА) од Полициската управа во Нови Пазар.

Како што е кажано, осомничениот за убиствата е во бегство и полицијата интензивно трага по него.

Според неофицијалните информации, во пукотницата, до која дошло во претпладневните часови, зетот од огнено оружје ја убил својата поранешна сопруга, нејзините татко и мајка и го ранил нејзиниот брат.

Тешко повредиот маж (35) е пренесен во Општата болница во Нови Пазар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.