Со утринската бајрамска молитва муслиманите од регионот го дочекаа Курбан бајрам
- Муслиманските верници се собраа на плоштадите и џамиите во главните градови на земјите од регионот, но и во џамиите во другите градови, за да бидат дел од молитвите на еден од најголемите празници на исламската религија.

СКОПЈЕ (АА) - Муслиманските верници во балканските земји со ентузијазам го дочекаа Курбан бајрам, јавува Анадолу.
Илјадници муслимани во регионот се упатија кон џамиите во утринските часови за намаз (молитвата) по повод Курбан бајрам.
Верниците од исламска вероисповед се собраа на плоштадите и џамиите во главните градови на земјите од регионот, но и во џамиите во другите градови, за да бидат дел од молитвите на еден од најголемите празници на исламската религија.
- Северна Македонија
Како и во многу други градови во Северна Македонија, во Скопје, илјадници верници се собраа во џамиите за молитвата за Курбан бајрам.
Централната манифестација за молитвата ја организираше Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) и се одржа во џамијата Мустафа-паша во Скопјe. За време на церемонијата беа рецитирани стихови од Куранот и беа пеени илахии на неколку јазици.
- Косово
Исто така, низ Косово, џамиите беа исполнети во раните часови со верници за молитвата на Курбан бајрам.
Централната манифестација на Исламската заедница на Косово се одржа во Големата џамија „Султан Мехмет Фатих“ во Приштина.
- Албанија
Централната церемонија за молитвата за Курбан Бајрам во Албанија се одржа на булеварот „Маченицити на народот“ во Тирана, со учество на илјадници верници.
На централната церемонија во Тирана беа читани делови од Куранот, и беше извршена проповед.
Програми за Курбан Бајрам се одржаа и на плоштадите и џамиите во други градови во Албанија.
- Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора
Џамијата Гази Хусрев Беј, едно од отоманските наследства на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, им посака добредојде на стотици муслимани кои дојдоа за молитвата на Курбан бајрам.
Слично на тоа,џамијата Бајракли, единствената џамија во Белград, главниот град на Србија, беше исполнета со муслимани кои дојдоа за молитва по повод празникот.
Во Подгорица, главниот град на Црна Гора, многу муслимани го клањаа намазот по повод празникот во џамијата Османагиќ.