Северна Македонија: Регистрирани 726 нови случаи на Ковид-19
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа седум лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.151.

СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 726 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 103.746, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа седум лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.151.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 91.875.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.720.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.144 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања.