Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 603 нови случаи на Ковид-19, починати 39 лица

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 39 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.595.

Admir Fazlagic   | 22.04.2021
Северна Македонија: Регистрирани 603 нови случаи на Ковид-19, починати 39 лица

СКОПЈЕ

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 603 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 149.221, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 39 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.595.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 126.234.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 18.392.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.596 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın