Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 150 нови случаи на Ковид-19, починати 16 лица

Од последици предизвикани од коронавирусот во последното деноноќие регистрирани се 16 смрти случаи, со што билансот на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 5.151.

Admir Fazlagic   | 12.05.2021
Северна Македонија: Регистрирани 150 нови случаи на Ковид-19, починати 16 лица

СКОПЈЕ

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 150 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.372, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во последното деноноќие регистрирани се 16 смрти случаи, со што билансот на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 5.151.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 487 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 139.266.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 9.955.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.093 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın