Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 32 лица, регистрирани 336 нови случаи

Вкупната бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 61.878, а бројката на смртни случаи предизвикани од овој вирус е 1.763

Admir Fazlagic  | 01.12.2020 - Обновена : 01.12.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 32 лица, регистрирани 336 нови случаи

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 32 смртни случаи од последиците на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус се искачи на 1.763, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 336 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 61.878.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени се искачи на 38.946.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.169.

Досега во земјата се направени вкупно 332. 286‬ тестирања на Ковид -19, од кои 1.181 тестирања во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın