Балкан

Реката Вјоса во Албанија, „дивиот бисер“ на Европа

Реката Вјоса, кое сега е дел од национален парк, е една од последните големи диви реки со слободен тек во Европа, каде што природата по долината на реката инспирира и привлекува со секој свој детал

Fatjon Cuka  | 13.09.2025 - Обновена : 13.09.2025
Реката Вјоса во Албанија, „дивиот бисер“ на Европа Фото: Fatjon Cuka/AA

ПЕРМЕТ/ТЕПЕЛЕНЕ (АА) - ФАТЈОН ЦУКА -

Реката Вјоса во Албанија во последниве години стана омилена дестинација за авантуристичкиот туризам и љубителите на природата, пишува Анадолу.

Позната и како „див бисер“ на Европа или „Сино срце на Европа“, Вјоса претставува уникатен природен екосистем на континентот и се смета за европско природно наследство.

Реката Вјоса, кое сега е дел од национален парк, е една од последните големи диви реки со слободен тек во Европа, каде што природата по долината на реката инспирира и привлекува со секој свој детал.

Со тесните клисури, широките долини, нејзините сино-зелени води, со селата меѓу планинските и рамнинските предели, кањоните, разновидните живеалишта на див свет и риболовот, Вјоса се смета за уникатен национален парк не само за Албанија, туку и пошироко.

- Прогласување за национален парк во Албанија -

Вјоса и нејзините главни притоки слободно течат како природна река од планинскиот масив Пинд во Грција (каде што се нарекува Аос), до јадранскиот брег во Албанија. Реката има течение од приближно 272 километри од северна Грција до Јадранското Море, каде што во Албанија тече околу 192 километри, низ планински и рамнински области.

Според проценките на албанските истражувачи и институции фокусирани на животната средина, подрачјата околу оваа река се екосистеми со значителен биодиверзитет и се дом на над 1.100 видови, вклучувајќи животински видови оценети како загрозени од исчезнување.

Во март 2023 година, реката Вјоса во Албанија беше прогласена за национален парк од страна на Владата на Албанија, станувајќи првиот национален парк на дива река во Европа.

Одлуката, која е највисока категорија на заштита и со која се опфаќа заштитена површина од 12.727 хектари, ја штити Вјоса да биде зачувана како дива и природна река со слободен тек.

По барањето од страна на албанските власти, УНЕСКО даде официјална препорака за прогласување на Долината на Вјоса за „Биосферен резерват“.

- Трансформација во туристичка атракција -

Покрај дивиот и богат природен екосистем, Вјоса нуди и голем потенцијал за развој на неколку видови туризам.

Восхитувачките предели околу долината на реката Вјоса нудат единствена можност за импресивни патувања и туристички тури, станувајќи и извор на релаксација.

Во последниве години, ентузијастите за авантуристички туризам организираат и рафтинг, возење со кану, кајакарење, пливање, планинарење, кампување, риболов и други активности.

Паркот им нуди на посетителите прекрасни кањони и кривулести патишта, особено за љубителите на авантуристичкиот туризам, додека рафтингот на Вјоса води на патување полно со адреналин и запознавање со живеалиштата и природните убавини на реката.

Многу локални и странски туристи ја истражуваат долината со нејзините шуми и богата вегетација и реката со рафтинг и кампување во текот на летните месеци.

Вјоса сега може да се смета за европско богатство кое чека да биде истражено уште повеќе од туристите од целиот свет и голем потенцијал за развој на туризмот во Албанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.