Балкан, Коронавирус

Потврден првиот случај на коронавирус во Северна Македонија

„Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19, што значи дека таа е првиот пациент во Скопје дијагностициран за заболена со овој причинител", истакна министерот за здравство Венко Филипче

Admir Fazlagic   | 26.02.2020
Потврден првиот случај на коронавирус во Северна Македонија ( Foto: Abdula Berisha / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија е потврден прв случај на коронавирус (Ковид-19), а според соопштеното се работи за пациентка родена во 1970 година од Скопје која одредено време престојувала во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Владата на Северна Македонија заедничка прес-кофнеренција одржаа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, како и доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје во Скопје.

„Стигнаа резултатите за пациентката којашто денеска во раните утрински часови беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19, што значи дека таа е првиот пациент во Скопје дијагностициран за заболена со овој причинител. Сакам да повторам она што го кажуваме целиот овој период, дека нема простор за паника. Пациентката е сместена на Инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација. Се третира соодветно на нејзината состојба", изјави министерот Филипче.

Според него, епидемиолошките анализи укажале на тоа дека пациентката веќе еден месец била во Италија, на прошетка и на посета кај свои роднини. Филипче информираше дека таа веќе две недели е болна и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа, но таму не била тестирана за коронавирусот.

„Практично, непосредно после влегување во нашата земја директно се упталија на Инфективната клиника во Скопје. Тоа ни да ва за право да мислиме дека инкубацијата е многу одамна помината и таа во моментот на траснпорт, со луѓето со кои се транспортирала не претставувала опасност да ја пренесе болеста", рече Филипче и додаде дека постапуваат по сите протоколи.

Филипче рече дека моментално се прави проверка на сите транспортирани патници кои биле со пациентката и истите ќе бидат идентификувани и соодветно тестирани и ставени во 14 дневна изолација.

Тој апелираше до сите граѓани кои доаѓаат од Италија, да се прдржуваат до мерките кои ќе им бидат дадени како насоки на граничните премини.

Исто така, министерот Филипче рече дека случај на заболен од коронавирус е дијагностирциран и во Грција, поради што се во контакт со министерствата за здравство на Грција, Србија, Косово и Албанија и се преземаат сите мерки на претпазливост.

Доктор Жарко Караџоски на прес-конференцијата информираше дека стручна екипа од Институтот за јавно здравје на Клиника за инфективни заболувања во Скопје со цел да направи епидемиолошка анкета и увид во здравствената состојба на лицето коешто е дијагностирицирано со Ковид-19.

„Добивме податок дека лицето е родено1970 година од територијата на Скопје и веќе подолг временски период престојувала во Италија", рече доктор Караџоски.

„Едно позитивно лице кое е сместено во соодветни институции не претставува ризик за останатото население. Затоа ве молам и упатувам смирувачки тонови, медицинските тимови се спремни да одговорат на секоја потреба. Она што за мене е битно е дека населението може да биде мирно, ние владееме со состојбата. Ништо не нѐ изненадило", рече доктор Караџоски.

Премиерот Спасовски истакна дека во овој момент е најважно што ситуацијата е под контрола.

„Сите државни служби се во целосна подготвеност за да реагираат на овие новонастанати услови. Затоа ве уверувам дека нема причина за било каква паника бидејќи воспоставена е контрола. Системите се во целосна подготвеност", рече Спасовски.

„Апелирам до граѓаните да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство  кое постапува исклучиво по препораките од Светската здравствена организација", апелираше премиерот.

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со коронавирусот Ковид-19, на Министерството за здравство и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе повеќе заклучоци од интерес за заштитата на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

Потсетуваме, од 27 јануари на Меѓународниот аеродром во Скопје започнаа превентивни мерки против коронавирусот. Со термална камера се скенираат патниците кои пристигнуваат на аеродромот во Скопје. На аеродромот се активирани и лекарски екипи што прават преглед на сомнителните патници.

Бројот на заразени со новиот вид коронавирус „Ковид-19“, што се појави во Вухан, во кинеската провинција Хубеи, надмина 81 илјада лица низ целиот свет.

По Кина, најмногу случаи на коронавирус се откриени во Јужна Кореја, Јапонија и Италија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın