Балкан

Пендаровски: „Средбата со Мицкоски беше во насока на повторно воспоставување на политичкиот дијалог“

„За една демократија не е својствена да постои прекин на комуникациите помеѓу институциите. Ние сме платени од граѓаните да комуницираме за нивно добро, а не да тераме инает или лични каприци“, нагласи Пендаровски

Husamedin Gina   | 07.05.2021
Пендаровски: „Средбата со Мицкоски беше во насока на повторно воспоставување на политичкиот дијалог“ ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски истакна дека денешната средба со лидерот на опозициската ВМРО ДМПНЕ, Христијан Мицкоски е во насока на повторното воспоставување на политичкиот дијалог, за што со години наназад постојано има критики од Европската унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Пендаровски денеска го прими лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на негово барање. На средбата е разговарано за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочува државата во последната година.

По завршување на средбата по средбата во вила „Водно“, претседателот Пендаровски и Мицкоски одржаа прес-конференција.

Истакнувајќи дека денешната средба со Мицковски била во насока на повторно воспоставување на политичкиот дијалог, претседателот Пендаровски рече дека за една демократија не е својствено да постои прекин на комуникациите помеѓу институциите.

„Денешнава средба со Мицкоски беше во насока на повторно воспоставување на политичкиот дијалог. За што, знаете дека сме со години сме постојано критикувани од Европската унија. За една демократија не е својствена да постои прекин на комуникациите помеѓу институциите. Ние сме платени од граѓаните да комуницираме за нивно добро, а не да тераме инает или лични каприци“, нагласи Пендаровски.

Во однос на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, претседателот Пендаровски рече дека на средбата со Мицкоски го повторил својот став дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа не доаѓа во предвид, затоа што нивната вина во тој процес е неспорно утврдена.

„Мојот став – дека ако има нови докази кои порано не биле познати може да го пре отвори процесот, не значи дека јас заговарам реотворање на процесот. Јас само ја цитирам одредбата од законот и законската можност според која тие луѓе преку своите адвокати во вонреден правен лек можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, се разбира ако такви воопшто постојат“, рече Пендаровски.

Дали процесот ќе биде повторен, како што рече Пендаровски, сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на средбата разговарале за актуелната политичка состојба во државата и за настаните од 27 април 2017 година и за сето тоа што се случуваше после тој настан.

Истакнувајќи дека на средбата наишол на разбирање кај претседателот Пендаровски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски рече:

„Она која што е реалност поврзано со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба, и второстепена судска одлука на лицата кои се осудени, поради настаните од 27 април во моментов е завршена и за жал најголемиот дел од нив ја немаат истата таа одлука добиено за да можат понатаму да ја искористат вонреден правен лек, односно да можат понатаму врз основа на новите докази кои што според моите информации, кои ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека не бараат амнестија и милост, туку бараат правда за осудените лице.

Меѓу другото, Мицкоски истакна дека на состанокот е договорено да продолжат комуникациите со претседателот за крупни теми, теми кои што значат за иднината на земјата и нејзините граѓани.

Потсетуваме, Средбата помеѓу претседателот на државата Пендаровски и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се случува по неодамнешната изјава на претседателот Пендаровски дека учесниците во насилните настани во Собранието на 27 април 2017 година, не направиле терористички чин.

ВМРО-ДПМНЕ по изборите во јули 2020 година ги замрзна односите со претседателот на државата, поради тоа што мандатот за формирање на Влада му беше доделен на претседателот на СДСМ, актуелен премиер, Зоран Заев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.