образование, наука и технологија, Балкан

Отворен Центар за иновации „Инокс“ во рамките на Меѓународниот балкански универзитет

Во Скопје синоќа е отворен Центарот за иновации „InnoX“, кој ќе дејствува во рамките на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), известува Анадолу.

18.05.2024 - Обновена : 19.05.2024
Отворен Центар за иновации „Инокс“ во рамките на Меѓународниот балкански универзитет Фото: Џихат Алију - АА

СКОПЈЕ (АА)

Во Скопје синоќа е отворен Центарот за иновации „InnoX“, кој ќе дејствува во рамките на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), известува Анадолу.

На свеченото отворање на Центарот за иновации „InnoX“ во објект на плоштадот „Македонија“ присуствуваа амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, поранешниот претседател на Северна Македонија Ѓорге Иванов, претставници на Управниот одбор на МБУ, академици, студенти и голем број гости.

Во своето обраќање, амбасадорот Улусој го изрази своето задоволство што овој центар, кој е прв од ваков вид во земјата, е реализиран од страна на МБУ.

Зборувајќи дека универзитетот МБУ, формиран со значителна поддршка на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, е еден од највидливите примери на одличната соработка на Туркије со Северна Македонија во областа на образованието и културата, амбасадорот Улусој истакна:

„Балканскиот универзитет не само што ги зајакнува образовните и културните односи меѓу двете земји, туку и ги зближува луѓето од двете земји. Воспоставувањето на нови академски катедри, програми и механизми како што е Центарот за иновации што го отворивме денес е показател за успехот на Балканскиот универзитет.“

Осврнувајќи се на важноста на употребата на технологијата во образованието, Улусој ја сподели својата надеж дека „InnoX“ ќе даде свој придонес за образованието и технологијата во Северна Македонија и ќе овозможи таа да стане водечка земја во регионот.

Билал Сучубаши, претседателот на Управниот одбор на „InnoX“ и главен извршен директор на „Халкбанк“ Скопје, опишувајќи го центарот „InnoX“ како место во кое ќе се соединуваат идните идеи, визии и успеси, продолжи со зборовите:

„Овој центар го дизајниравме и го спроведовме во реалност како место во кое иновациите, соработката и креативноста ќе се соединуваат и каде луѓето ќе се инспирираат едни од други.“

Ректорот на МБУ проф. д-р Љутфи Сунар осврнувајќи се на важноста на денешниот ден за нив како образовна институција, рече:

„Универзитетите се главната водечка сила на иновациите во денешниот свет. Како Меѓународен балкански универзитет, решивме да го формираме овој центар со цел да ја поддржиме културата на иновациите во Северна Македонија. Но не само во Северна Македонија, и во балканскиот регион, но и во светот.“

Во рамките на програмата беше одржана и панел дискусија со учество на академици, каде свое обраќање имаа поранешната Министерка за финансии и претприемач Нина Ангеловска и претседателот на Светскиот форум на ангел инвеститори (WBAF), Бајбарс Алтунташ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.