Балкан

Лекарската комора на Србија започнала постапка против 18 лекари

- За лекарите постои основано сомнение дека советувале за употреба и ги лекувале со нерегистрираниот лек „ивермектин“ пациентите со Ковид-19, а тоа е лек што инаку се користи во ветерината

Gorana Jakovljevic   | 07.11.2021
Лекарската комора на Србија започнала постапка против 18 лекари

БЕЛГРАД 

Лекарската комора на Србија по пријава на здравствената инспекција, по службена должност, започнала постапка пред своите судови на честа против 18 лекари за кои постои основано сомнение дека советувале пациенти со заразени со Ковид-19 да користат и да се лекуваат со лекот „ивермектин“ , јавува Агенција Анадолија (АА).

„По завршување на постапката, јавноста ќе биде известена за донесената пресуда“, се наведува од Комората.

Од Лекарската комора на Србија апелираа до граѓаните, здравствени услуги и совети да бараат исклучиво во регистрираните државни и приватни установи.

До тоа е дојдено откако е утврдено дека некои лекари во Србија во група на „Вибер“ советувале за употребата на нерегистрираниот лек „ивермектин“ за лекување на Ковид-19. „Ивермектин“ е лек што инаку се користи во ветерината.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.