Балкан

Дачиќ: „Продолжението на преговорите Србија-ЕУ зависи од преговорите Белград-Приштина“

„Пред продолжението на преговорите, надворешнополитичките цели на Србија се зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет, развојот на односите со водечките земји во светот, но и со сите останати, мир и стабилност во регионот...“

Bojana Stojanovic   | 19.02.2019
Дачиќ: „Продолжението на преговорите Србија-ЕУ зависи од преговорите Белград-Приштина“ Фото: АА/Архива

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Продолжението на преговорите на Србија за влез во Европската Унија, пред сѐ, зависи од преговорите помеѓу Белград и Приштина, бидејќи е услов за отворање нови поглавја на извештајот за напредокот на дијалогот за Косово, изјави денес министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

„Пред продолжението на преговорите, надворешнополитичките цели на Србија се зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет, развојот на односите со водечките земји во светот, но и со сите останати, мир и стабилност во регионот и добрососедските односи“, додаде Дачиќ во Белград.

Тој истакна дека Србија се залага за дијалог како средство за решавање на регионалните прашања и дека вложува големи напори да се постигне компромис со Приштина, но дека Приштина продолжува да загрозува сѐ што е постигнато, и оцени дека за продолжение на дијалогот е неопходно укинување на таксите за српските производи.

Дачиќ оцени и дека самата ЕУ легализирала некои еднострани потези, во време кога Србија предупредувала на опасноста од унилатерализмот, и дека досега на Безбедносната конференција во Минхен разликите на ЕУ и САД поради едностраните потези излегле на виделина.

Според неговите зборови, прашањето за проширување на ЕУ сега повеќе зависи од самата Унија, поради нејзините проблеми и реформи, а маргинализацијата на политиката на проширување има негативно влијание и на движењата во регионот на Западен Бакан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın