Грција: Ќе се казнуваат оние над 60 години кои немаат примено вакцина против Ковид-19
- Грчкиот премиер Мицотакис побара во рамките на новите мерки, граѓаните над 60 години кои не се вакцинирани да добијат термин за вакцинација најдоцна до 16 јануари, а оние што нема да се вакцинираат по овој датум ќе бидат казнети со 100 евра месечно

АТИНА
Во Грција граѓаните над 60 години кои не се вакцинирани против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе плаќаат глоба од 100 евра месечно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, осврнувајќи се на зголемениот број случаи и на фактот дека пациентите во одделенијата за интензивна нега се претежно невакцинирани, најави нови чекори што треба да се преземат во борбата против Ковид-19.
Мицотакис побара во рамките на новите мерки, граѓаните над 60 години кои не се вакцинирани да добијат термин за вакцинација најдоцна до 16 јануари, а оние што нема да се вакцинираат по овој датум ќе бидат казнети со 100 евра месечно.
Грчкиот премиер, исто така, истакна дека казните што ќе се собираат од оние што нема да се вакцинираат ќе се користат за финансирање на болниците.
Истакнувајќи дека не се работи за „казна“ туку за „заштита“, Мицотакис рече дека пред претстојниот Божиќ на сите постари од 18 години ќе им биде овозможено да направат бесплатен тест за Ковид-19 од 6 до 12 декември, без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Премиерот Мицотакис исто така додаде дека со цел да се утврди и контролира текот на епидемијата за време на божиќниот празничен период, на возрасните од 3 до 7 јануари ќе им бидат поделени бесплатни тестови за Ковид-19.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.