Вучиќ: Горд сум бидејќи добивме огромна доверба на граѓаните
Многу сум горд на фактот што добивме огромна доверба од граѓаните на Србија и од околу 3,7 милиони луѓе кои излегоа на гласачките места нашите конечни проценки се околу 2,35 милиони гласа, изјави Александар Вучиќ во текот на победничкиот говор

Beograd
БЕЛГРАД (AA) - Александар Вучиќ објави победа на претседателските избори во Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во седиштето на Српската напредна странка во тек е прославувањето, а присутните извикуваа: „Победа" и „Србија".
Врз основа на 80 отсто од обработениот материјал, Србија вечерва доби претседател.
„Многу сум горд на фактот што добивме огромна доверба од граѓаните на Србија и од околу 3,7 милиони луѓе кои излегоа на гласачките места нашите конечни проценки се околу 2,35 милиони гласа", изјави Александар Вучиќ во текот на победничкиот говор.
Како што е речено, сеуште немаат гласови од Косово.
„Денеска сум многу горд на фактот што добивме огромен број гласови во услови кои за нас беа се, само не лесни. За нас е ова важен ден и важно е дека се покажа во која насока Србија сака да оди. Важно беше победата да биде чиста како солза. Добив 12 отсто повеќе гласови, околу 430.000 гласа, повеќе отколку сите останати кандидати заедно", нагласи Вучиќ.
Им се заблагодари на сите граѓани на Србија, мислејќи и на Србите и на Бошњаците и Унгарците.
„Сакам да знаете дека во Нови Пазар, Тутин и Сједница секаде со преку 70 отсто гласа победивме и дека во мнозинските унгарски средини победивме за 65, 70 осто", појасни Вучиќ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.