политика, Балкан

Во Скопје започна Самитот на лидери на Западен Балкан и ЕУ

На самитот, чиј домаќин е претседателот на Владата на Северна Македонија Христијан Мицкоски, присуствуваат комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос...

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.07.2025 - Обновена : 01.07.2025
Во Скопје започна Самитот на лидери на Западен Балкан и ЕУ Фото: Umeys Sulejman/АА

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје започна Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија (ЕУ), посветен на Планот за раст што е можност за евалуација на постигнатиот напредок и наредните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот, јавува Анадолу.

На самитот, чиј домаќин е претседателот на Владата на Северна Македонија Христијан Мицкоски, присуствуваат комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, лидерите од Западен Балкан, министри, високи претставници на ЕУ и регионални и мегународни организации.

Во рамките на самитот ќе се одржат два панела. Првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан, а вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршката за спроведување на Планот за раст.

По првиот панел Кос и Мицкоски ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај Мицкоски и Кос, на самитот присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ и вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.