свет

ЕУ вети целосна поддршка за финансиските потреби на Украина и за кандидатурата за членство

Шмихал и Фон дер Лајен разговараа за целите на Украина за пристапување кон ЕУ, и надежта на Киев да започне формални преговори за членство подоцна оваа година

Alperen Aktaş  | 01.07.2025 - Обновена : 01.07.2025
ЕУ вети целосна поддршка за финансиските потреби на Украина и за кандидатурата за членство

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал денес изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја потврдила целосната поддршка на Eвропската Унија (ЕУ) за финансиската стабилност на Украина и аспирациите за членство во ЕУ за време на билатералниот состанок во Шпанија, јавува Анадолу.

Двајцата лидери се состанаа на маргините на Конференцијата на Обединетите нации (ОН) за финансирање на развојот, каде што Шмихал инсистираше на сигурни финансиски обврски за 2026 и 2027 година за да се помогне економското закрепнување на Украина во услови на тековната војна со Русија.

„Им се заблагодарив на Европската комисија и на претседателката Фон дер Лајен за нивната клучна поддршка, особено во одбранбениот сектор“, напиша Шмихал на Телеграм по состанокот.

Тој, исто така, рече дека разговарале за целите на Украина за пристапување кон ЕУ, нагласувајќи ја надежта на Киев да започне формални преговори за членство подоцна оваа година.

„ЕУ ја потврди својата целосна поддршка за нашите следни чекори“, истакна Шмихал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın