Балкан

Владата на Северна Македонија ја смени одлуката: Без ПЦР тест ќе може да се патува само во Косово

„Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа", се вели во соопштението на Владата на Северна Македонија

Admir Fazlagic  | 12.10.2020 - Обновена : 13.10.2020
Владата на Северна Македонија ја смени одлуката: Без ПЦР тест ќе може да се патува само во Косово

СКОПЈЕ

Владата на Република Северна Македонија Ссоопшти дека граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со коронавирусот (Ковид-19), пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа", се вели во соопштението на Владата.

„Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест", пишува во владиното соопштение.

Претходната одлука што сега е поништена, со која властите во земјите од регионот решија дека нема да бараат негативен ПЦР тест тест, беше донесена на 6 октомври.

Тогаш, Владата донесе одлука да овозможи непречно патување од и во земјите од регионот без приложување на негативен ПЦР тест.

Потсетуваме, по затворањето на границите предизвикани од почетокот на пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија на 17 јуни ги отвори гранични премини во земјата, но со спроведување на мерки за спречување на ширење на вирусот, вклучително и негативен тест на Ковид-19 (ПЦР тест), не постар од 72 часа и потпишување на задолжителна изјава за самоизолација во траење од 14 дена.

Подоцна, на 26 јули, Северна Македонија донесе одлука за отворање на границите за Албанија без Ковид-19 тест и без обврска за карантин, но не и за Косово.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.