Балкан

Албанскиот премиер Рама: „Не очекувам ништо да се реши во Бугарија“

„Ви кажав и повторувам, и покрај избрзаниот оптимизам на некои [вклучувајќи] и овде во Брисел, не очекувам ништо да се реши во Бугарија, но, секако, доколку се реши, тоа ќе биде мотив да се дише послободно од оваа заложничка ситуација...“

Fatjon Cuka   | 23.06.2022
Албанскиот премиер Рама: „Не очекувам ништо да се реши во Бугарија“

ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, при посетата на Брисел, во рамки на Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ), а во врска со бугарското вето, изјави дека не очекува ништо да се реши во Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Рама во изјава за медиумите во пресрет на Самитот во Брисел зборуваше за очекувањата за бугарското вето за почеток на пристапните преговори со ЕУ, како и за иницијативата „Отворен Балкан“.

„Ви кажав и повторувам, и покрај избрзаниот оптимизам на некои [вклучувајќи] и овде во Брисел, не очекувам ништо да се реши во Бугарија, но во меѓувреме, секако, доколку се реши, тоа ќе биде мотив да се дише послободно од оваа заложничка ситуација на една земја на НАТО, кон две земји на НАТО, во екот на жешка војна на границите на Европа и пред очите на 26 други земји“, рече Рама.

Осврнувајќи се на бугарското вето, Рама рече дека земја на НАТО „киднапира“ две други земји на НАТО, Албанија и Северна Македонија, под надзор на земјите од ЕУ, кои, според него, остануваат смирени демонстрирајќи застрашувачка импотенција.

Рама истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“ е вистинскиот одговор на оваа ситуација, додавајќи дека „во нашиот регион ќе се создаде европски дух“.

Во меѓувреме, Рама, по пристигнувањето во Брисел на социјалните мрежи објави фотографија со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

За време на престојот во Брисел, Рама ќе има средби со високи претставници на Европската Унија, а заедничка прес-конференција најавија тој, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.