Балкан

Адемоски:„Приближно сè е договорено од следната година да започнат директни авионски летови Скопје - Даламан и обратно“

– Претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Ајдован Адемоски, истакна дека приближно сè е договорено од наредната година за започнат директни авионски линии Скопје - Даламан

Husamedin Gina  | 13.06.2022 - Обновена : 19.06.2022
Адемоски:„Приближно сè е договорено од следната година да започнат директни авионски летови Скопје - Даламан и обратно“ Фото: Хусамедин Гина / Умејс Сулејман - АА

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Ајдован Адемоски, истакна дека приближно сè е договорено од наредната година за започнат директни авионски линии Скопје - Даламан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Под покровителство на Стопанската комора на Македонија – Туркије (Турција) (MATTO) и збратимената Стопанскa и индустриска комора на Фетије (ФТСО) денес се одржа работна средба за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Северна Македонија и Фетије, Република Туркије.

По завршувањето на средбата, претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Ајдован Адемоски, претседателот на Здружението на хотелиери од Фетије, Булент Ујсал, и директорот за деловен развој на аеродромот ЈДА Даламан, Орчун Сонгур, дадоа изјава за медиумите.

Истакнувајќи дека двете комори, преку своите најеминентни и најзначајни агенции прават напори за воспоставување директна авионска линија Скопје - Даламан и обратно, Адемоски рече дека на денешната работна средба разговарано е и за можностите за инвестиции во нашите зимски и летни туристички места, како што се Охрид, Дојран, Попова Шапка и Маврово.

„Приближно сè е договорено дека од наредната година ќе има директни линии Скопје - Фетије, односно Даламан - Скопје“, истакна Ајдован Адемоски, додавајќи дека се прават напори и за отворање на линијата Даламан - Охрид.

Претседателот на Здружението на хотелиери од Фетије, Булент Ујсал, исто така нагласи дека нивната цел е од наредната година за започнат летовите на релација Скопје - Даламан.


„Сметаме дека овој меѓусебен однос меѓу Фетије и Скопје, што ќе започне со туризмот, ќе продолжи и во другите трговски гранки“, нагласи Булент Ујсал, додавајќи дека Турците ја сакаат Северна Македонија и дека обостраната туристичка соработка ќе придонесе за продлабочување на социо-економските и културните врски помеѓу двете земји.

Орчун Сонгур, директорот за деловен развој на аеродромот ЈДА Даламан, наведувајќи дека како аеродром од Даламан даваат особено значење на разновидноста во соработката, рече дека во регионот на Фетије има различни понуди за кои се уверени дека пријателите од Северна Македонија ќе ги засакаат.

Истакнувајќи дека се задоволни од ентузијазмот на засегнатите страни, директорот Сонгур додаде веруваат оти во најскор можен рок, Туркиш ерлајнс и Пегасус ќе започнат со директните летови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.