Анализа на вести, свет

„Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство“

Според податоците на УНИЦЕФ, 115 милиони машки лица низ светот стапија во брак на детска возраст. И секоја петта жена се омажила пред да наполни 18 години

Dildar Baykan  | 08.06.2019 - Обновена : 10.06.2019
„Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство“

ЊУЈОРК (АА) - Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапија во брак, не дочекувајќи полнолетство, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), 115 милиони машки лица низ светот стапија во брак на детска возраст.

УНИЦЕФ, извештајот за децата младоженци го изработи според податоците од 82 земји. Податоците велат дека повеќе од 115 милиони момчиња стапиле во брак на возраст под 15 години. Имено, секое петто момче се наоѓа во брачна заедница на многу рана возраст.

Најмногу такви случаи се забележани во Централноафриканската Република, потоа следува Никарагва, па Мадагаскар.

И секоја петта жена се омажила пред да наполни 18 години.

Генералната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор, смета дека бракот на рана возраст го краде детството.

Според нејзините зборови, стапувањето во брак доведува до прекин на школувањето и до напорна работа, за да се издржува семејството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın