Анализа на вести

Македонските граѓани ќе имаат он-лајн катастарски услуги

- Директорот на Агенцијата за катастар, Трпевски, изјави дека системот на граѓаните им овозможува користење на палета од исцрпните податоци кои досега се земале само во агенцијата.

????? ????  | 29.12.2015 - Обновена : 30.12.2015
Македонските граѓани ќе имаат он-лајн катастарски услуги

Скопје

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески го промовираа новиот дистрибутивен систем на Агенцијата за катастар на недвижности, со кој за прв пат им се овозможува на сите граѓани и правни лица користење на податоците на Агенцијата, преку интернет, јавува Anadolu Agency (АА).

Директорот на Агенцијата за катастар, Трпевски, изјави дека системот на граѓаните им овозможува користење на палета од исцрпните податоци кои досега се земале само во агенцијата, а од сега ќе можат да се добијат преку веб-сајтот http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/.

Министерката Арсовска Томовска рече изјави дека постапката за добивање на информации е многу едноставна, како што објасни таа, граѓанинот за кратко време и на едноставен начин може да го земе имотниот лист доколку му е потребен.

"Овој систем ќе можат да го користат сите граѓани, без оглед на тоа каде се наоѓаат во земјата или во странство, како и правните лица, на пример градежните и геодетските фирми, општините и министерствата", рече таа.

 Една од можностите кои ги нуди оваа апликација е и плаќањето на услугите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın